1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израелска армија: Уништен е радарски систем над Појасот Газа

ЕМФ / дпа
11 октомври 2023

Израелската воена авијација уништи радарски систем во Појасот Газа кој служел за препознавање на летечки објекти над регионот, соопшти израелската армија.

https://p.dw.com/p/4XNvo
Штети во градот Газа по израелските воздушни напади
Штети во градот Газа по израелските воздушни напади (10.10.2023)Фотографија: BELAL AL SABBAGH/AFP

Израелската армија, според сопствени наводи, уништила напреден радарски систем над Појасот Газа, чија задача била да препознава летечки објекти над регионот. „Бобените авиони уништија напреден радарски систем, развиен од терористичката организација Хамас, кој служел за препознавање на летечки објекти над Појасот Газа“, соопшти израелската армија на мрежата Х. Хамас, како што се вели, создал мрежа од камери, распоредена во садови за вода на покривите во целиот регион.

Вчера (10.10) мрежата била уништена за неколку минути со напади врз различни цели. Со тоа, Хамас ја загубил способноста „да создаде широка слика за небото, со цел да напаѓа летечки тела“, се вели во соопштението на израелската армија. Нападнати биле сите апарати на системот за препознавање на сигнали.

Бројот на жртви во Израел од нападите на Хамас, според наводи на израелската армија, се искачил на повеќе од 1200. Најмалку 3000 лица се повредени. Израел реагираше со масовни воздушни напади во густо населениот Појас Газа. Бројот на Палестинци загинати во контранападите на Израел се искачи на најмалку 950. Околу 5000 луѓе се повредени, соопшти Министертсвото за здравство во Газа.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема