1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Избори во САД: Трамп не сака нов ТВ-дуел со Харис

СН/агенции
13 септември 2024

Пред два дена, американските претседателски кандидати Трамп и Харис за првпат се соочија во ТВ-дуел. Републиканецот Трамп сега најави дека нема да има друг.

https://p.dw.com/p/4kZp4
Нема да има трет ТВ-дуел, порача Доналд Трамп
Нема да има трет ТВ-дуел, порача Доналд ТрампФотографија: Alex Brandon/AP Photo/picture alliance

Републиканецот Доналд Трамп изјави дека нема да учествува во уште една претседателска дебата против неговата демократска противкандидатка Камала Харис пред претседателските избори во САД на 5 ноември.

Неговата објава дојде откако кампањата на Харис рече дека таа е подготвена и сака да учествува во уште една дебата по нивното прво телевизиско соочување во вторникот во Филаделфија.

„Кога борец ќе загуби битка, првите зборови од неговата уста се: 'Сакам реванш'“, напиша Трамп, имплицирајќи дека Харис ја загубила дебатата.

Тој тврдеше дека анкетите покажале дека победил, но анкетите спроведени веднаш по дебатата покажаа дека гласачите сметаат дека Харис била подобра. Првите анкети за поддршката на изборите покажуваат зголемена поддршка за Камала Харис.

Анкетите спроведени веднаш по телевизиската дебата покажаа дека гласачите сметаат дека Харис (лево) била подобра од Трамп (десно)
Анкетите спроведени веднаш по телевизиската дебата покажаа дека гласачите сметаат дека Харис (лево) била подобра од Трамп (десно)Фотографија: Michael Le Brecht II/ABC News via ZUMA Press Wire/picture alliance

Поранешниот претседател додаде дека за сите „прашања кои ги предизвикале Камала и Џо Бајден детално се разговарало“ за време на неговата прва дебата против Бајден во јуни, а потоа и во втората дебата против Харис.

„Нема да има трета дебата“, заклучи тој во своето соопштение, користејќи само големи букви.

Од друга страна кандидатката на Демократската партија, Камала Харис, на партиски собир во Северна Каролина, една од американските сојузни држави клучна за исходот на ноемвриските избори, рече дека верува дека на гласачите им должи уште една телевизиска дебата.