1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиПалестински територии

Хамас ја потврди смртта на Синвар

ЕМФ / ртр
18 октомври 2024

Палестинската терористичка организација Хамас ја потврди смртта на својот лидер Јахја Синвар.

https://p.dw.com/p/4lxE9
Хамас Јахја Синвар
Јахја Синвар, кој се смета за архитект на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, е убиен во средата, 16 октомвриФотографија: Ashraf Amra/ZUMA/picture alliance´

Лидерот на Хамас, Јахја Синвар, е убиен во борба, соопшти милитантно исламистичкиот Хамас. Ваква изјава даде Калил Ал-Хаја, заменик шеф на Хамас во Појасот Газа и главен преговарач на организацијата, потврдувајќи ја со тоа смртта на Синвар.

Претходно, израелската армија соопшти дека го убила Синвар во текот на операција во јужниот дел на Појасоот Газа. Армијата, исто така, објави снимка од беспилотно летало на која наводно се гледа Синвар во последните моменти од неговиот живот. На видеото се гледа како маж фрла предмет кон дронот.

Јахја Синвар, кој се смета за архитект на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, беше назначен за лидер на терористичката организација на 6 август годинава, како наследник на Исмаил Ханија, кој беше убиен во Техеран на 31 јули. Од почетокот на војната Синвар беше во Газа и успеваше да ги избегне израелските обиди за негово убиство.