1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија лута на САД поради „астрономската“ цена на гасот

БГ /АФП
5 октомври 2022

Германскиот министер за економија во средата обвини неколку земји, вклучително и САД, дека наплаќаат премногу за гасот чиј недостаток предизвикува голема криза во европските држави.

https://p.dw.com/p/4Hm1q
Роберт Хабек Германија
Ние им помогнавме на САД во кризата со нафтата, сега очекуваме солидарност, вели Роберт ХабекФотографија: Stefan Sauer/dpa/picture alliance

„Некои земји, дури и пријателските, во некои случаи поставуваат астрономски цени“, изјави германскиот министер за економија Роберт Хабек за весникот Ноје Ознабрикер Цајтунг. 

„Тоа предизвикува проблеми за кои мораме да разговараме“, дополни тој. 

Руската инвазија врз Украина предизвика драматична енергетска криза во Германија, која претходно обезбедуваше над 55 проценти од своите потреби од Русија. Москва постепено го намали снабдувањето од почетокот на инвазијата врз Украина, а Берлин верува дека е тоа одмазда поради неговата поддршка за Киев. За да се надополни празнината, Германија инвестира во поскап течен гас (ЛНГ). Германија и други европски држави се свртеа кон САД од каде сега се обезбедуваат 45 отсто од европскиот увоз на ЛНГ, далеку повеќе од увезените 28 проценти во 2021 година. 

Германија ЛНГ Терминал
Германија забрзано гради терминали за ЛНГ на својот морски брегФотографија: Daniel Reinhardt/dpa/picture alliance

„САД се свртеа кон нас кога пораснаа цените на нафтата, и како резултат на тоа резервите на нафта во Европа се истенчија. Мислам дека таква солидарност ќе биде добра за намалување на цените на гасот“, рече Хабек. 

Координирано купување 

Германскиот министер бара од ЕУ да се координира купувањето на гас за да се спуштат цените.

Блокот треба „да ја здружи својата пазарна моќ и да организира паметно и синхронизирано куповно однесување меѓу државите на ЕУ, така што поединечните земји на ЕУ да не се наддаваат едни со други и не ги зголемуваат цените на светскиот пазар“, рече тој.

Германија минатата недела најави план вреден 200 милијарди евра за заштита на своите потрошувачи од растечките цени на енергенсите.

Но, планот наиде на критики од Франција и други земји на ЕУ кои се залагаат за сеопфатни решенија за енергетската криза.  

Снабдување со нафта и гас: Кои земји би можеле да ја заменат Русија?

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи