1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ФудбалФранција

Мбапе на клупата, Франција без победа

22 јуни 2024

Фудбалската мега ѕвезда Килијан Мбапе, со маска поради скршениот нос, се загрева за натпреварот против Холандија.

https://p.dw.com/p/4hNhw
ЕУРО 2024 Франција Килијан Мбапе
Килијан Мбапе се загрева на стадионот во ЛајпцигФотографија: REUTERS

Килијан Мбапе се загреваше, но не заигра против Холанѓаните на Европското фудбалско првенство. Од клупата емоционално ги следеше пропуштените шанси на своите соиграчи. Селекторот на француската репрезентација Дидие Дешамп изјави дека Мбапе се чувствува секој ден сѐ подобро: „Да беше одлучувачки натпревар ќе размислев двапати дали ќе го ставам во игра или не“, рече Дешамп по натпреварот против Холандија во Лајпциг, кој заврши нерешено 0:0.

Против Полска во вторник (18 часот) Килијан Мбапе би можел со оваа специјална маска да влезе во игра и да ја поттикне офанзивата на Франција, која на ЕУРО 2024 сѐ уште нема постигнато свој гол. На натпреварот против Австрија, имено, победи со 1:0 со автогол на противникот.