Природа и животна срединаФилипини
Благослов за куќните љубимци
4 октомври 2022Реклама
На 4 октомври секоја година се одбележува Меѓународниот ден за заштита на животните, со нагласок на соживотот на луѓето и животните и нивната улога во природата. Одбележувањето почнало во 1931 година на собир на еколози во Фиренца, со цел да се сврти вниманието на јавноста врз загрозеноста на одделни животински видови. Денес на овој ден во прв план е укажувањето на проблемот на хуман однос кон животните, на неопходноста од нивно зачувување во природата, а во тоа се вклопува и односот кон домашните миленици. На фотографијата, филипински свештеник во центарот на градот Квезон благословува кучиња.