1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Фотографија на денот: Нов живот за кучињата

9 февруари 2021

Благодарение на меѓународната организација за заштита на животни „Човекот што спасува кучиња“ овие повредени кучиња во Тајланд можат повторно да трчаат.

https://p.dw.com/p/3p5ey
BdTD | Thailand | Behindert Hunde mit Rollstühlen
Фотографија: Athit Perawongmetha/REUTERS

Станува збор за улични кучиња, главно жртви на несреќи, кои организацијата ги има собрано во Чонбури, југоисточно од Багдад.

„Изгледа како кучињата воопшто да не знаат дека имаат хендикеп“, вели еден соработник на организацијата. Кучињата во Чонбури се среќни и уживаат во нивната секојдневна трка.

Во Тајланд во 2017 година имало околу 800.000 кучиња и мачки скитници, а се проценува дека тој број до 2027 година може да се зголеми на 2 милиони доколку не бидат преземени мерки за контрола.