Европски избори во Германија: Победа на демохристијаните
10 јуни 2024Партиите на владејачката коалиција – Социјалдемократите (СПД), Зелените и Либералите (ФДП)– забележаа значителни загуби на изборите за Европскиот парламент во Германија, покажуваат прелиминарните официјални резултати од гласањето. Посебно голем пад доживеаја Зелените – освојувајќи само 11,9 отсто, за разлика од 20,5 отсто од гласовите пред пет години. Од друга страна, и покрај сите скандали, ултрадесничарската Алтернатива за Германија, АфД, постигна значителен успех.
Убедливи победници се партиите од Христијанско-демократската унија (ЦДУ/ЦСУ), кои, според , прелиминарните официјални резултати освоиле 30 отсто од гласовите. Ова е нешто подобар резултат од пред пет години.
СПД на канцеларот Олаф Шолц, пак, опсвои само 13,9 проценти - најлош резултат во историјата на партијата на европските избори. Во 2019 година партијата ја доби довербата од 15,8 отсто од гласачите. Третата партија од владејачката коалиција освои 5,2 насто од гласовите што е само минимален пад во однос на 2019 година
АФД во подем
Несомнено, најголем пораст на популарноста бележи екстремно десничарската АФД , која е под надзор на Службата за заштита на Уставот во неколку германски сојузни покраини. АфД успеа да го подобри својот резултат од 2019 година. Тогаш доби 11,0 отсто од гласовите. Сега е на 15,9 проценти - највисоко ниво на сите времиња. Ова, сепак, е сè уште помалку од прогнозите дадени пред изборите, кога партијата делумно беше над 20 проценти.
Голем успех постигна и новооснованата алијанса Сара Вагенкнехт (БСВ): според прелиминарните резултати, оваа партија, која тврди дека не е ниту лева, ниту десна, а која е основана пред само три месеци, освои 6,2 отсто од гласовите.
Партијата на Левицата забележа загуби: сега е на 2,8 отсто, додека пред пет години освои 5,5 отсто.
Претставници од Германија во Европскиот парламент ќе испратат и некои помали партии кои освоија еден, два или три пратенички места.
Рекордна излезност
Според прелиминарните официјални резултат, објавени утринава (10 мај, 2024) овие европски избори во Германија забележаа рекордна излезност. Во текот на вчерашниот ден на избори излегле 64,8 отсто од 61 милион Германци со право на глас - во споредба со 61,5 отсто пред пет години.
За првпат во Германија на европските избори им беше дозволено да гласаат на 16 и 17-годишници. Спорет пресметките тоа се околу 1,4 милиони нови граѓани со право на глас. Според сз, младите во голема мерка се определија не за големи и етаблирани партии, туку за помали.