1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Европската централна банка повторно ги зголеми каматите

ЕМФ | агенции
27 јули 2023

Во борбата против високата инфлација во eврозоната, Европската централна банка ги зголеми каматните стапки деветти пат по ред.

https://p.dw.com/p/4UTIC
Седиштето на ЕЦБ во Франкфурт
Седиштето на ЕЦБ во ФранкфуртФотографија: Ralph Orlowski/Getty Images

Советот на Европската централна банка (ЕЦБ) денеска (27.07) одлучи да ја зголеми основната каматна стапка за дополнителни 0,25 процентни поени. Основната каматна стапка, по која комерцијалните банки можат да добијат свежи пари од ЕЦБ, сега се искачи на 4,25 проценти. Клучната каматна стапка последен пат беше толку висока на почетокот на глобалната финансиска криза во октомври 2008 година.

Инфлацијата во земјите од еврозоната во јуни годинава изнесуваше 5,5% и беше за 0,6% пониска од мај. Но, инфалцискиот аларм е и натаму вклучен, затоа што ваквата инфлација е сѐ уште двојно поголема од целта на ЕЦБ за инфлација од најмногу 2%.

„Со ова зголемување на каматите ЕЦБ засега си ја заврши работата. Отсега прозорецот за натамошни зголемувања на каматите е затворен, затоа што инфлацијата наесен значително ќе се намали. Сепак, во моментов се наоѓаме во геополитички нејасна сфера, во која мора да се почека за да се види дали досегашната доза на каматен раст е доволна за долгорочно зауздување на инфлацијата“, оценува главниот економист на Декабанк, Улрих Катер.