1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ: Повторно царини за земјоделските производи од Украина

СН/агенции
9 април 2024

Европската унија им излегува во пресрет на своите земјоделци: под одредени услови, повторно ќе се воведат царини за јајцата, шеќерот, пченката и други земјоделски производи од Украина.

https://p.dw.com/p/4eZ9A
Украинскиот извоз на земјоделски производи во ЕУ се соочи со протести во неколку европски земји, особено во соседна Полска
Украинскиот извоз на земјоделски производи во ЕУ се соочи со протести во неколку европски земји, особено во соседна ПолскаФотографија: Omar Marques/Anadolu/picture alliance

Во ЕУ, наскоро повторно ќе доспеваат царини за големи количества на некои украински земјоделски производи.

Членките на Европската унија привремено се договорија за ограничување на увозот на украинско жито и земјоделски производи, откако претставниците на Европскиот парламент и Белгија, која во моментов претседава со Унијата, постигнаа договор за тоа. За таква одлука е потребно и официјално одобрение од сите членки на Унијата и од Европскиот парламент.

Носителите на одлуки во ЕУ со недели дебатираа околу споменатите ограничувања за бесцарински пристап за украинските производи. За тоа време, земјоделците протестираа поради евтиниот увоз, а некои земјоделци во Полска ја блокираа границата со Украина и демонстративно истураа украинско жито над железничките шини.

Украина: Нагазни мини по нивите, блокиран извоз на жито од земјата

Во јануари Европската комисија предложи продолжување на бесцаринскиот пристап до јуни 2025 година, но со можност за примена на тарифите за животни, јајца и за шеќер, доколку нивниот увоз го надмине просечното ниво од 2022 и 2023 година.

Оттогаш, на списокот се додадени овес, пченка, житарки и мед, а тарифниот просек треба да се пресмета врз основа на втората половина на 2021 година. Таа година, пред да започне војната во Украина, увозот од земјата беше многу помал, бидејќи се применуваа царински давачки на украинската стока.