1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаБлиски Исток

Кој стои зад експлозиите на пејџери во Либан и Сирија

Јулијан Клауди
18 септември 2024

Најмалку 12 луѓе загинаа, околу 2.800 се повредени, од кои 300 се во критична состојба, по експлозиите на нивните пејџери. Хезболах и Иран го обвинија Израел за нападот. Тел Авив досега не ги коментираше инцидентите.

https://p.dw.com/p/4klRB

Се уште е нејасно кој стои зад експлозиите на пејџери, користени од припадници на милитантното движење Хезболах, во кои загинаа најмалку 12 луѓе, а илјадници се повредени. Израел досега не ги коментираше случувањата. Она што е познато е дека пејџерите биле произведувани во Унгарија под тајванска лиценца.