1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Доналд Трамп преживеа обид за атентат

БГ
14 јули 2024

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше цел на атентат за време на митинг во сојузната држава Пенсилванија. 20-годишниот напаѓач е застрелан од безбедносните служби. Мотивот за нападот не е познат.

https://p.dw.com/p/4iGWb

Серија истрели предизвикаа паника за време на митингот, а раскрварениот Трамп, кој подоцна соопшти дека бил погоден во уво, беше веднаш опколен од агенти на тајната служба и извлечен од говорницата. Од кампањата на Трамп соопштија дека тој се чувствува „добро“ по нападот од кој му било пробиено десното уво.

„Веднаш знаев дека нешто не е во ред откако слушнав звук на свиркање, истрели, и го почувствував куршумот како ја корне кожата. Многу искрварив“, напиша Трамп на социјалните мрежи. 

ФБИ сопшти дека го идентификувала напаѓачот како 20-годишниот Томас Метју Крукс, од Бетел Парк, Пенсилванија. Неговиот мотив се истражува.