1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Доналд Трамп преживеа обид за атентат, напаѓачот убиен

БГ /АП
14 јули 2024

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше цел на атентат за време на митинг во сојузната држава Пенсилванија. 20-годишниот напаѓач е застрелан од безбедносните служби. Мотивот за нападот не е познат.

https://p.dw.com/p/4iGaz
Доналд Трамп
Доналд Трамп беше цел на атентат за време на митинг во сојузната држава ПенсилванијаФотографија: Brendan McDermid/REUTERS

Серија истрели предизвикаа паника за време на митингот, а раскрварениот Трамп, кој подоцна соопшти дека бил погоден во уво, беше веднаш опколен од агенти на тајната служба и извлечен од говорницата. Од кампањата на Трамп соопштија дека тој се чувствува „добро“ по нападот од кој му било пробиено десното уво.

„Веднаш знаев дека нешто не е во ред откако слушнав звук на свиркање, истрели, и го почувствував куршумот како ја корне кожата. Многу искрварив“, напиша Трамп на социјалните мрежи. 

ФБИ сопшти дека го идентификувала напаѓачот како 20-годишниот Томас Метју Крукс, од Бетел Парк, Пенсилванија. Неговиот мотив се истражува.

Агенти на тајната служба го застрелале Крукс, кој пукал од кровот на ниска зграда. Еден присутен на митингот е убиен, а двајца други се потешко ранети.

Нападот беше најсериозниот обид за атентат врз претседател или претседателски кандидат уште од 1981 година кога беше нападнат Роналд Реган. Нападот ги засили стравувањата за политичко насилство во длабоко поделените САД на четири месеци пред изборите за претседател. 

Доналд Трамп преживеа обид за атентат

Претседателот Џо Бајден, бил брифиран за инцидентот и разговарал со Трамп неколку часа по нападот, соопшти Белата Куќа. 

„Во Америка нема место за ваков тип на насилство“, соопшти претседателот. „Ова е болно. Болно“.

Повеќе републиканци веднаш ги обвинија Бајден и неговите сојузници за нападот, објаснувајќи дека постојаните напади врз Трамп како закана за демократијата создале токсична атмосфера.

Светска осуда

Светските политички лидери изразија шокираност од нападот врз Трамп и го осудија атентатот.

Германскиот канцелар Олаф Шолц му посака на Трамп брзо опоравување, и напиша на платформата Х дека „вакви акти на насилство се закана за демократијата“. 

„Нападот врз претседателскиот кандидат Доналд Трамп е одвратен. Му посакувам брзо опоравување. Моите мисли се со сите оние кои беа засегнати од нападот“. 

Францускиот претседател Емануел Макрон го осуди нападот како „трагедија за демократиите“. 

„Франција ги споделува шокот и бесот на американскиот народ“, напиша Макрон на Х.

Кинескиот претседател Ши Џинпинг „му изрази сочуство на Доналд Трамп“ и „изрази загриженост за инцидентот“. 

Реакцијата од Москва беше повоздржана.

Портпаролката на руското МНР, Марија Захарова оцени дека обидот за атентат е последица на „политиката на Вашингтон на поттикнување омраза“. 

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека е „длабоко шокирана“ од настанот.

„За политичкото насилство нема место во демократија“, напишаа таа на Х.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема