1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дивите боровинки - загрозени од климатските промени

Аргнеса Хаџијај
14 септември 2023

Зголемувањето на температурите во Косово го промени и циклусот на дивите растенија. Билките што некогаш цутеа на планините, сега се соочуваат со ризик од исчезнување, промена на периодот на цутење, раселување и давање помалку плодови. Блиништа собира диви растенија уште од детството. Денес таа е директен сведок на климатските промени.

https://p.dw.com/p/4WIFL

Дивите билки кои цутат на планините околу Исток, на Косово,се загрозени.  Главен виновник - климатските промени во последните години. Боровинките, кои семејството на Блиништа Беќирај ги собира долги години, исчезнуваат од некои вообичаени места.

„Ако направиме споредба со претходните години, ова место годинава изгледа како да нема речиси никаков род. Постои веројатност некој да го собрал родот пред мене, но не може да се собира, а да не се остави отпад. Значи, ова што го гледаме покажува дека барем овде врнежите влијаеле на оваа одредена точка каде што воопшто нема род“, вели Блиништа. 

Блиништа собира диви растенија и тревки уште од мала и денес е сведок на промените на животниот простор. На многу места веќе нема боровинки, но длабоко во планините, за среќа, некои сѐ уште се зачувани.

Приходите што Косово ги добива од извозот на билки се загрозени од климатските промени. Семејството Блиништа освен што собира диви растенија, одгледува и камилица, оригано и органски праз.

„Што се однесува до атмосферските услови, не е исто влијанието врз растенијата што слободно ги собираме во природата, како врз ние што ги одгледуваме. Затоа што во случајот на оние што ги одгледуваме, ние им помагаме со процесот на наводнување и агротехничките методи. Но, тоа не значи дека дури и овие производи не се засегнати од климатските промени, бидејќи треба повеќе да ги наводнуваме. Во исто време тие можат да добијат природно наводнување кога не им е потребно и можат да бидат оштетени“, нагласува Блиништа.

Со оглед на тоа што планетата сѐ повеќе се загрева, Блиништа и луѓето поврзани со природата шират сѐ повеќе пораки за свесност за нејзина заштита.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема