1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дебакл во Авганистан: шефот на БНД ги отфрла критиките

8 јули 2024

Германската разузнавачка служба со години обезбедува веродостојни информации за Авганистан, според шефот на БНД, Бруно Кал. Па, како талибанците успеаја толку брзо да го освојат Кабул?

https://p.dw.com/p/4hvOq
Кабул
15 август 2021 година: Талибанците го зазедоа главниот град на Авганистан, Кабул, без борбаФотографија: XinHua/dpa/picture alliance

На 15 август 2021 година, талибанците влегоа во главниот град на Авганистан, Кабул, без борба или отпор. Меѓународните сили предводени од Соединетите Американски Држави, во кои беа вклучени и членови на германскиот Бундесвер, набрзина ја напуштија земјата во која влегоа по исламистичките терористички напади на 11 септември 2001 година во Њујорк и Вашингтон. 

Многу брзо по повлекувањето, почна да се зборува за неуспехот на разузнавачките служби во  Авганистан, пред се за неуспехот на германската БНД (Bundesnachrichtendienst) . „Критиката е нормална работа, навикнати сме на тоа и тоа е во ред“, рече шефот на тајната служба, Бруно Кал, говорејќи пред Истражниот комитет на германскиот Бундестаг во четвртокот (4 јули). Потоа со ироничен тон додаде дека обвинувањата имаат различни квалитети и можат да служат за различни цели. 

Бруно Кал
Претседателот на БНД, Бруно Кал, пред сослушувањето пред Истражниот комитет на Бундестаг, Берлин на 4 јули 2024 година.Фотографија: Kay Nietfeld/dpa/picture alliance

Редовни извештаи до германската влада 

„БНД со децении дава веродостојни информации кои спасија многу животи“, нагласи Кал. Според неговите зборови, припадниците на таа разузнавачка служба, која е задолжена за операциите во странство, забележале драматична промена на воената ситуација во авганистанските провинции. Тие ги вклучија овие забелешки во нивните извештаи доставени до германската влада. „Она што не го очекувавме беше брзината со која се случија работите“, признава Кал.

Два дена пред падот на Кабул, на состанокот на кризниот штаб на Министерството за надворешни работи во Берлин, БНД сосема поинаку ја оцени ситуацијата и ја отфрли можноста за неминовен влез на талибанците во главниот град. „БНД, како и сите други разузнавачки служби, веруваше дека авганистанските владини сили подолго време ќе ги издржат нападите“, вели Кал. „Тоа се покажа како погрешна проценка“. 

Ангела Меркел
Ангела Меркел во Берлин, ден по падот на Кабул: „Ова е исклучително горчлив развој“Фотографија: Odd Andersen/AFP/Getty Images

Клучни „пресвртни точки“ 

Сепак, „на прогнозата за БНД влијаат одредени фактори, таканаречени точки на пресврт“, рече Кал. Тие, како што објасни, вклучуваат речиси целосна изолација на Кабул, како и повлекување на американските сили и повеќето западни амбасади. „Неколку такви пресвртници се случија во пресрет на 15 август“, објасни Кал за случувањата во клучните денови „Ова ја направи неважечка претходно направената прогноза на германската разузнавачка служба“. Неговата изјава се совпаѓа со изјавата на поранешниот заменик-шеф на БНД, Тања фон Узлар-Глајхен. 

Поранешниот заменик амбасадор противречи на БНД 

Но, истражниот комитет на Бундестагот за настаните во Авганистан во март доби сосема поинаков впечаток од друг сведок: Јан Хендрик ван Тил. Ван Тил беше заменик германски амбасадор во Авганистан во август 2021 година и учествуваше на состанокот на Кризниот штаб на Министерството за надворешни работи. Тогаш поднесе извештај за талибанците кои со недели се распоредуваа и се ширеа низ Кабул.

Јан Хендрик ван Тил го презентираше своето гледиште за ситуацијата и тој го кажа гласно и јасно во тоа време. Меѓутоа, поранешната заменик-претседател на БНД, Тања фон Узлар-Глајхен, презентираше сосема поинаква слика за ситуацијата во Авганистан, на која отворено се спротивстави. Јан Хендрик ван Тил нагласи дека нема контрааргументи на тврдењата на германскиот дипломат за опасноста и опаѓањето на борбената моќ на авганистанската армија. Слична слика за состојбата на локалните авганистански војници претставија американски експерти на претходните седници на Истражниот комитет. 

Недоразбирања меѓу западните разузнавачки служби 

Претседателот на БНД признава дека можеби имало грешки во размената на информации меѓу западните разузнавачки служби. Тој вели дека во пресрет на 15 август, денот кога падна Кабул, имало „дефинитивна дупка“ во размената на информации со пријателските разузнавачки служби. Истовремено, Кал нагласува дека БНД има „најголем можен интерес“ да ја разјасни ситуацијата и да придонесе за вистината.

Истражниот комитет на Бундестагот за настаните во Авганистан има уште неколку месеци да ја заврши истрагата. На крајот на годината треба да се слушнат и оние кои беа политички одговорни во 2021 година - меѓу нив е тогашниот министер за надворешни работи Хајко Мас, како и поранешната германска канцеларка Ангела Меркел .

Назад во Кабул

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема