Илинка Банова:
„Да, ќе гласам и сметам дека младите треба да излезат масовно да гласаат бидејќи ние сме дел од промените и истите треба да ги предводиме.„
Данило Крстовски:
„Ќе гласам бидејќи сметам дека младите треба да го искажат својот став во општеството и сметам дека би било контрадикторно доколку сакаме промени, го критикуваме општеството, а притоа не го даваме нашиот скромен придонес во промена на општеството.“
Ларита Реџепи:
„Гласањето е граѓанско право, така што и јас ова право ќе го искористам за да придонесам за промена во нашата држава.“
Александар Николовски:
„Ќе гласам, за тоа што сметам дека младите треба да го искажат својот став и да учествуваат во носење на одлуките во општеството.“
Савче Кртовска
„Да, ќе гласам на избори, бидејќи сметам дека младите треба да излезат во што поголем број бидејќи за да го имаат тоа право на глас некој претходно се изборил и за да бидеме дел од промените ние мора да излеземе и да го дадеме својот глас.“
Нарди Етеми:
„Јас ќе излезам да гласам затоа што мислам дека нашата држава има потреба за промена. Мислам дека моето друштво не заслужува да оди во странство, гледајќи каков потенцијал има нашата држава има надеж за подобар живот.“