1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како крајната десница профитираше од бесот на Британците

Анчал Вохра
10 август 2024

Која е екстремната десница во Велика Британија и како таа ги поттикна актуелните безредија во земјата?

https://p.dw.com/p/4jEAO
Кој стои зад десничарските екстремистички протести во Велика Британија?
Кој стои зад десничарските екстремистички протести во Велика Британија?Фотографија: JUSTIN TALLIS/AFP

Делови од Обединетото Кралство се зафатени од немири откако три девојчиња беа убиени, а неколку други повредени во напад со нож на час по танц во северозападниот англиски град Саутехмптон.

Подоцна беше откриено дека осомничениот сторител е Аксел Рудакубана, 17-годишник роден во Кардиф, Велс, чии родители потекнуваат од Руанда. Но, протестите, како одговор на нападот, добија сосема поинаква димензија, трансформирајќи се во етнички или секташки конфликт.

Од една страна имаше поддржувачи на екстремната десница и локално население, претежно од белата заедница; од друга страна, мети поврзани со имигранти, особено во муслиманската заедница.

Хотели во кои се сместени барателите на азил беа запалени, јавни згради оштетени, а полициските станици беа нападнати од толпи агитатори во различни делови на земјата. Маскирани, претежно мажи со азиско потекло, се гледаат на клипови на социјалните мрежи како шетаат по улиците.

Многумина се прашуваат дали насилството било планирано, или се случило спонтано и случајно. И како нападот со нож на час по танц, извршен од 17-годишник од Кардиф чии родители се номинално христијани од Руанда, се претвори во немири насочени претежно против муслимани?

Британските закони за заштита на податоците првично ја спречија полицијата да го објави името на осомничениот малолетник за нападот со нож, што крајната десница. го искористи.

Роза Фридман, професорка на Универзитетот во Рединг, за ДВ изјави дека во недостиг на информација за напаѓачот, крајната десница имала можност да го обвини својот омилен непријател: муслиманските имигранти.

Екстремната десница ширеше гласини дека тој е „нерегуларен мигрант, дека е муслиман“, вели таа за ДВ.

Таа вели дека иако ова само по себе не ги предизвикало немирите, сепак запалило искра на страв и омраза „која во Обединетото Кралство ја разгори претходната конзервативна влада, некои весници, како и екстремно десничарските групи уште пред да се случи Брегзит“.

Томи Робинсон од англиската одбранбена лига, веројатно најпознатиот британски екстремен десничар
Томи Робинсон од англиската одбранбена лига, веројатно најпознатиот британски екстремен десничарФотографија: Tolga Akmen/AFP

До моментот кога судијата ја укина анонимноста на напаѓачот, новата и старата британска екстремна десница земаа доволно замав за нивната кампања, главно онлајн, вели таа.

„Надеж, а не омраза“, хуманитарна организација за борба против расизмот, во соопштение наведува дека екстремната десница организирала серија протести низ целата земја „на широк план против мигрантите, муслиманите и мултикултурализмот“. Организацијата додава дека она што се случи е „најлошиот бран на насилство од екстремната десница во Велика Британија по војната“.

Новата крајна десница во Велика Британија

Новата екстремна десница во Обединетото Кралство е составена од помали групи, често поединечни актери кои се интернет феномени. Тие имаат огромно влијание поради нивната способност на интернет да тематизираат некои легитимни поплаки, но најчесто ги користат социјалните мрежи за да поттикнуваат фанатизам против имигранти и муслимани.

Тој е поранешен член на екстремно десничарската и фашистичка Британска национална партија (БНП) и е коосновач на Англиската одбранбена лига (ЕДЛ), екстремно десничарска, анти-имигрантска група.

БНП нема избрани претставници во Обединетото Кралство и ЕДЛ одамна се смета за мртва. Па сепак, според полицијата Мерсисајд, приврзаници на ЕДЛ се истакнувале во судирот со полицајците пред џамијата во Саутпорт минатата недела. Британските медиуми објавија дека владата размислува дали да ја забрани групата како екстремистичка организација.

ЕДЛ е основана во Лондон во 2009 година, а многумина од следбениците се фудбалски навивачи кои веруваат дека муслиманите никогаш не можат да бидат вистински Англичани. Фудбалскиот хулиганизам долго време се поврзува со активности на екстремната десница во Обединетото Кралство, иако таквата поврзаност е намалена од најславните денови на хулиганите во 1970-тите и 1980-тите години.

Јаксли Ленон останува влијателна фигура меѓу поддржувачите на ЕДЛ и меѓу своите 900 илјади следбеници на платформата Х шири анти-имигрантски, анти-муслимански и анти-полициски сентимент. Во објава на платформата X на 2 август, се чинеше како да аплаудира за нападот на полициската станица кога напиша: „Требаше да слушаш @Keir_Starmer“, тагнувајќи го британскиот премиер.

Ендрју Тејт, британско-американски инфлуенсер на социјалните мрежи, кој моментално чека судење во Романија заради обвинувања за силување и трговија со луѓе, исто така ја обвини полицијата во Обединетото Кралство дека застанала на страната на имигрантите и муслиманите. Тој самиот е од мешана раса и се прогласи за конвертит во ислам. Тој беше меѓу првите што ги подгреа гласините што доведоа до неодамнешното насилство, сугерирајќи дека напаѓачот од Саутпорт „пристигнал со брод пред еден месец“.

Протести на екстремната десница во Ливерпул на 3 август
Протести на екстремната десница во Ливерпул на 3 августФотографија: James Speakman/AP Photo/picture alliance

Во објава на X, тој сподели слика на маж со темна кожа на гумен брод кој држи нож во едната рака и британски фунти во другата. Објавата гласеше: „Типичен човек од Кардиф“.

Недовербата кон полицијата, која ја сее екстремната десница, поттикнува насилство и омраза

Сеење недоверба кон полицијата и доведување во прашање на нејзиниот кредибилитет е уште една тактика широко прифатена од сите екстремно десничарски актери во Обединетото Кралство. Експертите велат дека тоа ги врти луѓето против органите на прогонот и ги охрабрува да прибегнат кон насилство.

Метју Ханкинсон, осуден член на неонацистичката група Национална акција, која беше забранета од страна на британската влада во 2016 година, присуствуваше на немирите во Саутпорт и наводно се залагал за убиство на корумпираните полицајци. Тој ја обвини полицијата дека ги угнетува луѓето кои само протестираат против убиството на „белите деца“, пренесува Би-Би-Си.

Најџел Фараж, лидерот на Реформистичката партија, се чини дека намерно создаде сомнежи за дистрибуираните информации и ја доведе во прашање чесноста на полицијата. Тој рече дека се прашува „дали вистината ни се премолчува“.

Пол Голдинг, ко-лидер на друга екстремно десничарска фашистичка политичка партија наречена „Британија на прво место“, објави серија твитови со кои се доведува во прашање правичноста на полицијата. Експертите велат дека ваквите обвиненија против полицијата често пати се поврзани со антимуслиманска содржина за намерно да се создаде лажна поврзаност меѓу нив.