Берлин бара германските граѓани да го напуштат Иран
3 ноември 2022За Германците постои „конкретна опасност да бидат произволно апсени, испрашувани и осудени на долги затворски казни“, се вели во денеска (3.11) актуелизираните упатства за патување и безбедност на германското Министерство за надворешни работи. Пред сѐ „загрозени“ се лицата со двојно државјанство, односно оние кои имаат и германски и ирански пасош.
Германското МНР објаснува дека во поново минато имало „многубројни самоволни апсења“ на странски државјани. Според министерството, во моментов „често и без разбирливи причини“ доаѓа до сослушувања и апсења на лица кои имаат и германско и иранско државјанство. Под голем притисок редовно се ставаат и роднините на притворените, се потенцира од Берлин. Опциите за конзуларна поддршка преку германската амбасада во Техеран се „значително ограничени до степен на невозможност“, соопштува германското МНР.
Во Иран повеќе од шест недели има бран протести, најголеми во последните години. Безбедносните сили ги разбиваат протестите со голема жестокост.Протестите беа предизвикани од смртта на младата Курдка, Јина Махса Амини, по нејзиното апсење од таканаречената полиција за чување на моралот.