Бахмут: Русија сака да освојува, Украина не се повлекува
7 март 2023Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска (7.03) изјави дека освојување на градот Бахмут во источна Украина ќе им овозможи наруските трупинатамошни офанзивни операции, јавуваат руските новински агенции. Шојги наведува дека Западот ги зголемил своите испораки на оружје за Украина, но ветува дека тоа нема да ја промени ситуацијата на бојното поле.
Шефот на руските платенички трупи Вагнер, Евгениј Пригожин, во текот на изминатиот викенд се закани дека доколку трупите Вагнер не добијат муниција, тие ќе се повлечат од Бахмут. „Ако Вагнер сега се повлече од Бахмут, ќе се распадне целиот фронт“, вели Пригожин во видео објавено на Телеграм. Пригожин тврди дека голем дел од муницијата која во февруари им била ветена на неговите трупи, сѐ уште не е испорачана. Според него, трупите Вагнер го блокирале Бахмут, а сега украинските војници се обидувале да ги опколат руските војници и да ја пробијат блокадата. „Украинските сили ќе се борат до крај во Артјомовск (руско име за Бахмут), тоа е очигледно. Треба да ја завршиме нашата работа до крај“, изјави тој.
Зеленски сака да се бори за Бахмут
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, пак, стави јасно до знаење дека украинските трупи нема да се повлечат од Бахмут. По состанок со генералите, Зеленски во својата ноќна видео порака рече дека е донесена едногласна одлука да не се отстапи, туку трупите да се зајакнат.
„Украинските вооружени сили го бранат секој дел од Украина и ќе продолжат да го прават тоа“, рече Зеленски. Тој се обиде да се спротивстави на впечатокот дека во украинското раководство има различни мислења за натамошните воени акции во Бахмут. Има многу дезинформации, рече украинскиот претседател.