1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПолитикаСоединети Американски Држави

Десет години потоа: Едвард Сноуден и неговите откритија

Ралф Борхард | АРД
7 јуни 2023

Едвард Сноуден пред десет години ги разоткри огромните размери на шпионските програми на американската тајна служба НСА. Поранешниот разузнавач потоа побегна во Русија. Какви се последиците од неговите откритија?

https://p.dw.com/p/4SHyb
Едвард Сноуден говори преку видео врска на Веб самитот во Лисабон во 2019 година
Едвард Сноуден говори преку видео врска на Веб самитот во Лисабон во 2019 годинаФотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Franca

Во САД сè уште од време на време може да се слушаат аплаузи за Едвард Сноуден. На пример, во јуни 2022 година, на конференцијата на која се дискутираше за криптовалутите, организирана од веб-страницата „КоинДеск“. Сноуден се приклучи преку видео врска од Москва. На прашањето што всушност направил, Сноуден рече: „Пред 2013 година, имаше експерти и научници кои сфатија дека е возможно масовно следење, дека тоа веројатно ќе се случи. Но, тоа беа само претпоставки во тоа време. А во 2013 година стана јасно оти светот се промени и дека тоа е реалност“.

Херој или предавник?

Ако погледнеме наназад, десет години подоцна, се поставува прашањето дали Сноуден е херој или предавник? И двата термини се претерани, вели Ерик Дал, и самиот поранешен разузнавач, а сега професор на американската поморска академија во Монтереј, Калифорнија. „Тој сигурно не го стори тоа за да работи со непријателите на САД, да кажам така. Денес, тоа што стана руски државјанин не му помага“, вели Дал. „Од друга страна, тој навистина го прекрши законот, изврши предавство.“

Според Дал, Сноуден може да стане еден вид херој само ако се врати во САД и се соочи со последиците од неговите постапки. „Тогаш тој би бил вистински херој за мене.“

Кога НСА ќе продре во некоја компјутерска мрежа, првото нешто што сака да знае е кој друг упаднал во таа мрежа освен неа и што го интересира натрапникот.
Кога НСА ќе продре во некоја компјутерска мрежа, првото нешто што сака да знае е кој друг упаднал во таа мрежа освен неа и што го интересира натрапникот.Фотографија: Connie Zhou/Zumapress/picture alliance

Што ги интересира тајните служби?

Германскиот политиколог Томас Рид, кој предава на познатиот универзитет Џон Хопкинс, ги анализирал и каталогоризирал сите 2.700 досиеја на Сноуден. Станува збор за документи со 4.500 страници. Од гледна точка на Рид, контраразузнавачките способности на САД се многу импресивни.

НСА развила „софистицирани методи“ за откривање на непријателска активност на мрежите во кои продира. И првото нешто што сака да знае кога ќе навлезе во компјутерската мрежа е кој провалил во таа мрежа освен неа. И ако открие некого, таа се прашува дали и тој натрапник прислушува - така што таа „не само што ќе научи нешто за својата цел, туку и за она што толку многу го интересира другиот натрапник“.

Рид смета дека таканаречената мрежа на тајни служби „Пет очи“, на САД, Канада, Австралија, Нов Зеланд и на Велика Британија, е единствена на светско ниво. „Таа 'разузнавачка заедница' од пет земји е исклучително креативна. Мислам дека е исклучително тешко за другите служби - германската, но и спротивставените служби како што е кинеската - да бидат агилни и иновативни како „Пет очи“.“

Што функционира, а што не функционира меѓу партнерите?

Сноуден откри и дека НСА го прислушувала мобилниот телефон на канцеларката Ангела Меркел. Колку тогаш се доверливи САД како партнер од германска перспектива?

Факт е дека сојузниците повремено се шпионираат меѓу себе, вели експертот за разузнавање Рид. Од друга страна, мора да се земе предвид дека разузнавачките служби меѓусебно ги споделуваат своите сознанија и укажуваат на процеси кои вредат натамошно истражување. Германската влада всушност дозна за хакирањето на Бундестагот во 2015 година од Британците.

На крајот од краиштата, секој што користи интернет или услуги на апликации како ВотсАп или Сигнал има корист од сознанијата стекнати од информациите на Сноуден - на пример, бидејќи се развиени нови технологии за шифрирање. „Дури и ако мислите дека Сноуден е предавник или ако мислите дека она што го направи е погрешно, мора да се признае дека безбедноста на интернетот генерално се подобри поради неговите откритија“, вели Рид.

Корисниците на апликациите за комуникација како ВотсАп или Сигнал имаат ползаод знаењето стекнато од информациите на Сноуден
Корисниците на апликациите за комуникација како ВотсАп или Сигнал имаат ползаод знаењето стекнато од информациите на СноуденФотографија: picture alliance/NurPhoto/J. Arriens

Некое ново „протекување“ на информации е само прашање на време

Она што 21-годишниот американски војник Џек Тешеира неодамна го објави на платформата за гејмери е многу различно од она на Сноуден, нагласува Рид. Во овој последен случај, не станува збор за технички досиеја, туку за текстови, разузнавачки извештаи, на пример детали за руската војна против Украина, кои Тешеира очигледно ги објавил на интернет за да се пофали пред своите пријатели на иста возраст.

Сепак, случајот со Тешеира укажува на тоа дека речиси сигурно ќе дојде до некое наредно „протекување“ на податоци. Рид пресметал дека имало пет „мега протекувања“ во САД во изминатите 13 години - во просек на секои 2,6 години. За американските разузнавачи е „прилично непријатно“ што вакво нешто се случува постојано. „Сметам дека тоа не беше последното мега протекување, се разбира“, заклучува Рид. 

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема