1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Закон и правосудство

Џулијан Асанж: се ближи испорачувањето на САД

21 април 2022

Се стега обрачот околу основачот на Викиликс, кој објави извештаи за наводни воени злосторства на САД. Неговите адвокати имаат само уште четири недели на располагање да ги убедат британските власти. Изгледите се лоши.

https://p.dw.com/p/4ABAW
Поддршка за Џулијан Асанж пред судот во Лондон, кој неговата екстрадиција на САД ја прогласи за законска
Поддршка за Џулијан Асанж пред судот во Лондон, кој неговата екстрадиција на САД ја прогласи за законскаФотографија: Henry Nicholls/REUTERS

20 април 2022 е уште еден од оние судбински денови во животот на мажот кој во очите на САД е опасен непријател заради издавањето на наводни воени злосторства во Авганистан и Ирак: Џулијан Асанж. Од април 2019 е во лондонскиот затвор Белмарш. Условите во кои се држи независни експерти ги критикуваат како нехумани. Сега е уште поверојатно дека основачот на платформата Викиликс ќе биде испорачан на САД.

Врховниот суд одби да прими жалба

Формалната одлука за тоа ја донесе Врховниот суд на Велика Британија. Адресат на документот е министерката за внатрешни работи, Прити Пател. Судбината на Асанж сега е во нејзини раце откако од него поднесената жалба кон средината на март годинава воопшто не беше прифатена со образложение дека за тоа нема правна основа. Со тоа надежта дека може да се случи пресврт во негова корист беше уништена.

Скептични се и од организацијата „Репортери без граници” кои се борат за медиумска и слободата на информирање. Со оглед на тоа дека министерката беше таа која воопшто и ја овозможи постапката за испорачување на Асанж, “не гледаме големи шанси дека сега ќе се одлучат против тоа”, вели политичкиот референт на германскиот огранок на организацијата, Лиза Марија Кречмар во интервју за ДВ. 

Нема поддршка од германската влада

Од германската влада Кречмар очекува да се изјасни против испорачувањето  - „и јавно”. Целта мора да биде да отпадне основата за гонење „за тоа и во иднина да биде симната од дневен ред”. Ако на Австралиецот му се суди пред американски суд, му се заканува доживотна казна затвор која може да гласи и до 175 години.

И покрај меѓународната критика за третманот на Асанж, ниту поранешните вчадини состави под Меркел, ниту актуелниот со Шолц на чело не се заземаа за прочуениот затвореник. Последниот министер за надворешни работи на Меркел, Хајко Мас, во 2020 рече дека германската влада нема информации од кои произлегува оти „има повреди на меѓународното право и во сместувањето и во третманот на Асанж".

Плакт за поддршка на Џулијан Асанж
Плакт за поддршка на Џулијан АсанжФотографија: Frank Augstein/AP Photo/picture alliance

Аналена Бербок во 2021 бараше „итно ослободување”

Од новата министерка за надворешни Бербок од редовите на Зелените, Аналена Бербок, чиј што тим во кампањата во 2021 бараше “итно ослободување” на Асанж, веќе не може да се чујат такви изјави. Пратеничката од Левицата, Севим Дагделен потсети на ова на 11 април, третата годишница од затворањето на Асанж во Белмарш. На сметка на одговорните во САД додаде: “Не е за во затвор оној кој открива воени злосторства, туку оној кој ги прави и наредува!"

Владата од Социјалдемократи, Зелени и Либерали мора во склоп на нивната т.н. “политика базирана на вредности да притиска за ослободување на Асанж и да му понуди во Германија политички азил на основачот на Викиликс".

Репортери без граници стравуваат од „страшен преседан“

Севим Дагделен веќе беше вклучена во меѓупартиска работна група за Асанж уште во претходниот парламентарен мандат. Работната група вклучуваше пратеници од сите пратенички групи освен од Алтернатива за Германија (АфД). На прашање на ДВ, од Левица ни потврдија дека постои „декларирана волја“ да се продолжи со оваа работа. Според Дагелден, тековниот притвор на Џулијан Асанж „под услови слични на тортура“ е „хуманитарен и уставен скандал и очигледно кршење на слободата на печатот“. 

Лиза Марија Кречмар од „Репортери без граници" вели дека екстрадицијата на Асанж би претставувала „апсолутно ужасен преседан“ за истражувачкото новинарство. Како последица на тоа, експертот за слобода на печатот предупредува дека секој новинар кој работи и ги истрамува воените злосторства, како и теми поврзани со  националната безбедност и разузнавачките служби може да се соочи со истата судбина како Асанж.

Се зборува за воени злосторства и во Украина

Информациите за војните се „неверојатно важни“, вели Лиза-Марија Кречмер, мислејќи на документите на тајните служби од Авганистан и Ирак објавени од Џулијан Асанж. Како што вели, вакви информации се важни и во однос на наводните воени злосторства во Украина. Ако сакате да ги анализирате ваквите наводи ќе ви требаат информации.

„Се разбира, може да се случи информациите од јавен интерес да се појават во јавноста преку 'свиркачи' и голем дел од нив ќе бидат класифицирани информации“. Со други зборови, тие доаѓаат од разузнавачки извори.

[No title]

Со оглед на извештаите за злосторствата во Украина, Лиза-Марија Кречмер нагласува „колку таквите информации влијаат на нас“. Во исто време, таа потврдува дека Велика Британија и САД имаат проблем со кредибилитетот со оглед на нивните односи со Џулијан Асанж. И затоа што нивната критика кон другите земји и влади изостана. Експертот од „Репортери без граници“ како пример ги наведува Кина и Азербејџан, кои ги отфрлија критиките за состојбата со слободата на печатот во нивните земји со коментар: „Прво, погледнете како се однесувате со луѓето кои работат како новинари!

Последна шанса за промена на мислењето

Доколку министерката за внатрешни работи на Велика Британија, Прити Пател, се согласи на екстрадиција на Џулијан Асанж во САД, како што се8 очекува,  неговите адвокати би имале само една опција: да го поткрепат со факти приговорот на нивниот клиент во рок од четири недели. Тоа би била последна шанса за промена на мислењето на политичарите кои носат одлука. Но, ако се суди според досегашниот тек на постапката, тоа тешко може да се очекува.