Од 1 до 101.214
26 февруари 2021Првиот случај на инфекција од новиот коронавирус во С. Македонија беше регистриран на 26 февруари минатата година. Стануваше збор за жена од Скопје, која престојувала во Италија и допатувала во земјата преку граничниот премин Табановце.
Оттогаш наваму во земјата се регистрирани 101.214 случаи на Ковид-19, а од бројот на починати изнесува 3.111.
По периодот на релативно ниски стапки на инфекции во последните денови, бројките повторно растат. Вчера беа пријавени 582 нови случаи на Ковид-19 за едно деноноќие.
Повеќе:
-Новиот сој на вирусот ги елиминира шаловите и визирите
-Коронавирус: Британскиот сој ја зема првата жртва во С. Македонија
-Низ С.Македонија „шетаат“ 20 мутации на коронавирусот
Од друга страна растат надежите за постепено надминување на корона-кризата, со оглед дека и покрај доцнењето, наскоро ќе започне и масовната имунизација на населението со околу 200 илјади вакцини на кинескиот производител Синофарм, кои се очекува да пристигнат во земјата деновиве.
Инаку веќе започна имунизацијата на медицинскиот персонал кој работи во Ковид-центрите со вакцините на Бионтек/Фајзер, кои беа донирани од соседна Србија.