1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Први вакцинирани во С. Македонија против Ковид-19

ЖА
17 февруари 2021

Започна вакцинирањето против коронавирус, во модуларната болница на Клиниката за инфективни болести според планот денеска се опфатени 260 медицинари.

https://p.dw.com/p/3pTXo
Nordmazedonien Skopje | Coronavirus | Erste Impfung
Фотографија: Petr Stojanovski/DW

На почеток се вакцинира медицинскиот персонал на Инфективната клиника во Скопје, според претходно најавениот план на Министерството за здравство. На секој здравствен работник што прима вакцина му е обезбедена и резервирана втора доза.

Докторката Добринка Наунова Јовановска, примариус доктор инфектолог, која прва во С. Македонија ја прими вакцината на Бионтек/Фајзер за заштита од Ковид – 19 по вакцинирањето изјави дека се чувствува добро и повика сите да се вакцинираат оти, како што кажа, тоа е единствениот начин за заштита. 

И главната сестра на Инфективната клиника, Габриела Темелковска, чие вакцинирање утрово се пренесуваше во живо, повика сите да се вакцинираат за побрзо животот да се врати во нормала.

Министерството за здравство очекува дневно да се вакцинираат по 260 здравствени работници. Здравствените работници од другите градовиќе доаѓаат во Скопје за вакцинација, распоредување на вакцините во станатите градови е најавено откако ќе стигнат нови количини.

Минатиот викенд во земјата од Србија пристигнаа 4.680 дози вакцини од германскиот производител Бионтек и неговиот американски партнер Фајзер, а со пратката вакцинација ќе се спроведува само во модуларната болница во Скопје.  

До вакцина, како на лотарија