1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Турскиот премиер Давутоглу најави оставка

СН/ртр/дв/дпа5 мај 2016

Турскиот претседадател Реџеп Таип Ердоган успева да го истурка Ахмед Давутоглу од премиерската функција. Давутоглу денеска најави откажување од трката за претседател на АКП, што значи и оставка од премиерската функција.

https://p.dw.com/p/1Iigd
Türkei PK Ahmet Davutoglu in Ankara
Фотографија: Reuters/U. Bektas

Турскиот премиер Ахмед Давутоглу денеска ја најави неговата оставка. Тој порача дека на вонредниот партиски конгрес на 22 мај под актуелните околности нема да се кандидира одново за претседател на партијата. Согласно партиските статути, со тоа Давутоглу ќе ја загуби и функцијата шеф на владата. Неговиот ангажман во партијата, рече Давутоглу во говор во Анкара по средбата со егзекуивниот комитет на владејачката партија АКП, ќе го продолжи како пратеник во турскиот парламент.

Притоа тој ја повика неговата партија АКП да избегне какви било поделби по неговата најава дека се откажува од лидерската функција, додавајќи дека нема да изрече ниту еден збор против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Инаку меѓу него и сѐмоќниот претседате Ердоган тлее кавга веќе подолго време. Нивниот синоќешниот разговор „во четири очи“ беше кулминација на несогласувањата меѓу двајцата политичари кои некогаш беа блиски партнери.

Türkei Präsident Erdogan und Premierminster Davutoglu
Фотографија: Reuters/M. Cetinmuhurdar/Presidential Palace

Кога Ердоган во 2014 година беше избран за претседател на Турција, се погрижи за тоа неговиот политички ученик Давутоглу да ги преземе неговите дотогашни функции како шеф на партијата и премиер. Но тогаш дојде до раздор меѓу двајцата политичари, кој сѐ повеќе имаат различни ставови за клучни прашања во државата. На пример, Давутоглу размислувал за отпочнување мировен процес со Курдите, додека Eрдоган веќе како единствено решение ја дефинира конечната победа над Курдите, потоа околу прашањето за уставните промени со цел воспоставување претседателски систем во Турција на која инсистира шефот на држават Ердоган а Давутоглу се вели дека апелирал да не се брза со преустројувањето на државата. Списокот на конфликти е многу подолг.

Во јавноста во Турција веќе се во оптек шпекулациите за наследникот на Давутоглу на премиерската функција. Се вели тоа може да биде актуелниот министер за транспорт Биналиј Јилдирим како и министерот за енергетика Берат Албајрак , кој инаку му е зет на Ердоган.