Теророт не прави разлика
16 март 2019Цел на теророт во Крајстчрч беа луѓе за време на молитва, во Божји дом. Во храмовите луѓето се чувствуваат безбедно, тонат во мисли, стануваат ранливи. Тие се најлесните цели кои можат да се замислат.
Велат дека пред Бог сите луѓе се исти. Тоа важи и во неволја и во ужас кои ги поврзуваат луѓето. Терористот минуциозно го планирал злосторот, дури детално размислувал како во живо да го пренесе на интернет. Но, предвидел и одлучувачка работа: тероризмот сака да ги подели луѓето, но може и да ги збие редовите меѓу нив.
Повеќе:
-Нов Зеланд во шок: Терористот пред суд
-Терористички напади врз верски храмови во последните 10 години
Кога луѓето се изложени на закана, нема никакво значење дали тие се атеисти, христијани, Евреи или муслимани. Тероризмот како логика не разликува религии, културни идентитети и националност. Не е важно каде е некој роден или пред колку време се преселил во друга земја или друг град.
Утеха е тоа што меѓународната заедница едногласно го осуди нападат како што тоа го направи по терористичките удари во Париз, Брисел, Лондон, Мадрид или во Берлин. Не смее да има двојни аршини кога станува збор за тероризам кој брутално носи животи на невини луѓе.
Исламофобијата е опасен феномен пред кој ние на Запад мораме да отвориме четри очи, исто како и пред малата, но опасна група екстремисти меѓу муслиманите.