Случаи на тромбоза: Запрено вакцинирање со Џонсон и Џонсон
13 април 2021Американската агенција за контрола на храна и лекови (ФДА) и Центарот за превенирање инфективни болести во заедничко соопштение укажуваат на појава на редок вид тромбоза во шест случаи по имунизација со вакцината на Џонсон и Џонсон. Оваа вакцина во САД досега им е инјектирана на преку 6,8 милиони лица. Фармаколошкиот концерн Џонсон и Џонсон во привичната реакција соопшти дека е запознат со случаите, но не е докажана директна поврзаност со вакцината.
Американскиот фармацевтски концерн вчера почна со лиферување на својата вакцина и во Европската унија, но денеска најави пивремено запирање.
Германското Министерство за здравство, според негов портпарол, уште не одлучило како ќе постапува по предупредувањето од американските регулаторни служби. По појавата на слични случаи на церебрална тромбоза по имунизација совакцината Астра Зенека, таа сега во Германија се користи само кај лица постари од 60 години.
Акцијата на концернот Џонсон и Џонсон денеска падна за два проценти.
Центарот за превенирање инфективни болести на САД за утре планира седница на советодавното тело заради проверка на случаите. Според весникот „Њујорк тајмс“, во шесте случаи станува збор за жени на возраст меѓу 18 и 48 години. Една од нив починала, друга жена во сојузната држава Небраска се наоѓа во болница во критична состојба. Во петокот Европската агнција за лекови ЕМА најави проверка на случаитена згрутчување на крвта по вакцинирање со вакцината на Џонсон и Џонсон.