1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Силна порака за челичните дами!

7 октомври 2011

Три жени, две од Либерија и една од Јемен се носители на годинешната Нобелова награда за мир. Изненадувачка одлука со силна порака.

https://p.dw.com/p/12nrj

Шпекулантите повторно погрешија. Нобеловата награда за мир не отиде во рацете на канцеларот Хелмут Кол, ниту и’ е доделена на Европската унија. Таа оди во рецете на три силни жени од Либерија и Јемен. Со ова жирито испраќа јасен сигнал: во изградбата на демократијата и мирот, улогата на жените е огромна, како во Африка така и во арапскиот свет.

Изборот на жирито покажува: нема причина по демонстрациите и мировните движења жените повторно да исчезнат во семејствата и привантото опкружување, тенденција која им се заканува во арапските држави. Сите три жени покажуваат: само политчкото учество и социјална одговорност на највисоките позиции долгорочно ќе придонесат да бидат зачувани и застапени интересите и правата на женската половина на општеството.

Токму Либерија е добар пример за тоа, дека ова не е случај во многу региони во светот. Како и во сите војни во светот, жените го носеа главниот товар во повеќе од 14 годишната граѓанска војна. Застрашувачкиот биланс: 250.000 мртви, еден милион прогонети, небројни жртви на насилство и силувања. Елен Џонсон Сирлиф во 2006 како претседател ја презеде најтешката политичка задача во светот. Апсолутно бестрашно, со цврст став ја отвори борбата против корупцијата и непотизмот. Започна да ја подига речиси уништената земја и нејзините трауматизирани граѓани и да ги враќа во нормалноста. Не дозволи да ја заплашат мачо-политичарите и корупцијата. Таа спореведе радикални реформски мерки, поради што повеќепати доби и смртни закани.

Ute Schaeffer
Уте ШеферФотографија: DW

Тоа што сега се наградува челичната дама од Западна Африка е сигнал, кој ја надминува нејзината личност. Имено, во Либерија престојат избори. По вторпат од формирањето на државата во 1847 година треба да се одржат редовни и демократски избори. Меѓутоа постои опасност изборите да пропаднат поради многу пречки. Стариот кадар се враќа, недемократските сили постојано заживуваат. Со доделувањето на Нобеловата награда за мир на претседатeлката на Либерија поврзана е уште една голема политичка порака: за мирот и демократијата не се одлучува преку протестните движења. Прво избори, а потоа изградба на демократски институции се одлучувачки за нив. Тоа важи како за западно африканската Либерија, така и за Северна Африка, каде во октомври и ноември престојат избори во Тунис и Египет.

Доделувањето на наградата на три кандидатки јасно покажува дека борбата за мир и слобода има социјална и политичка компонента. Покрај активната политичарка Џонсон Сирлиф наградени се и две жени од цивилното општество, раководителката на најголемата африканска невладина организација „Мрежа на жените за мир и безбедност“ во Африка, Лима Роберта Гбове и младата и храбра Тавакул Карман, поборник за правата на жените во конзервативиот муслимански Јемен. Радикалните исламисти ја обвинуваат дека сака да ги подбуцне жените на бунт против мажите. Претседателката на здружението „Новинарки без синџири“ меѓутоа пледира само за почитување на основните права: против насилство и забрана за образование, против принудното стапување во брак и за поголемо политичко учество на жените. Истото го стори и Либеријката Гбове. Заедно со жените во нејзината земја се бореше за мир и по крајот на граѓанската војна и се погрижи, генерацијата оптоварена од војната да се реинтегрира во општеството. Без ваквиот ангажман, правата на жените би биле многу полоши.

Нобловата награда за мир 2011 укажува на важна придобивка, без која мирот и демократијата никаде на светот не би можеле трајно да се развиваат: правата на жените за целосно учество во созддавањето на мирот, демократијата и политичкиот поредок. И во 21 век, ова се’ уште не е разбирливо само по себе - затоа: благодарност до жирито!

Автор: Уте Шефер

Превод: Александра Трајковска