1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Русија обвинета за систематски допинг

ЕМФ /агенции
9 декември 2016

Светската Антидопинг Агенција (ВАДА) ја обвинува Русија за државна политика на допингување. Имало „институционален заговор“, тврди главниот иследник на ВАДА за истрага на допингот кај руските спортисти, Ричард Мекларен.

https://p.dw.com/p/2U1sk
Russland Doping
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/L. Jin-man

Рускиот допинг-скандал има најверојатно многу поголеми размери отколку што се мислеше досега. Во вториот извештај на Ричард Мекларен, направен за Светската Антидопинг Агенција, тој вели дека најверојатно повеќе од 1000 руски атлети профитирале од систематското прикривање на допингувањето. Освен тоа, според обвинувањата на ВАДА, постоел „инситуционален заговор“ со кој раководело руското Министерство за спорт. Истрагата се однесува на Летните олимписки игри во Лондон во 2012 година, Светското првенство во атлетика во 2013. во Москва, како и Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година. Мекларен тврди дека постоела стратегија за освојување медали во летните и во зимските спортови.

Спортистите или се допингувале сами, или „профитирале од систематското, централизирано прикривање и манипулирање со процесите на допинг-контрола“. Како што се тврди, спортистите соработувале во процесот на манипулирање на допинг-тестовите со функционерите во Министерството за спорт и Националната Антидопинг Агенција - РУСАДА, како и со московската Лабораторија за контрола и руската тајна служба ФСБ.

Welt Anti Doping Agentur
Фотографија: picture-alliance/dpa/J.C.Bott

Иследниците, според сопствени наводи, воделе голем број интервјуа со сведоци, а анализирале и други извори на податоци, како и мејлови и повеќе од 4000 Ексел-документи. Мекларен вели дека ова се само први сознанија: „Сликата сѐ уште не комплетна. Ние имавме пристап само до мал дел од податоците и доказниот материјал кој веројатно постои.“