1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Путин ќарува, Трамп - не

Миодраг Шориќ
29 јуни 2018

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот, Владимир Путин, ќе се сретнат на 16. јули во Хелсинки, соопшти Кремљ. Средбата повеќе ќе му користи на Путин, смета Миодраг Шориќ.

https://p.dw.com/p/30T7G
Vietnam | APEC-Gipfel | Trump und Putin
Фотографија: REUTERS/Sputnik/Kremel/M. Klimentyev

Што може да постигне Доналд Трамп при средбата со Владимир Путин?  Малку нешто. Русија во никој случај нема да се повлече од Крим. И натаму ќе ги поддржува бунтовниците во источна Украина, како и Асад и иранските трупи во Сирија. Тешко дека Трамп ќе го промени Путиновото мото: „Русија на прво место“.

За разлика од него, шефот на Кремљ може да очекува доста работи од овој руско-американски самит. Кога тој и Трамп доверливо ќе ги наведнат и приближат главите за да разговараат за намалувањето на атомскиот арсенал, телевизиските слики ќе испраќаат порака дека станува збор за разговор на рамноправни политичари. Со тоа добива Путин, сеедно дали разговорите ќе имаат конкретен резултат.

Soric Miodrag Kommentarbild App

Американско-руски договор на сметка на трети земји

Истовремено, Путин внесува уште поголем раздор во западниот табор. Токму „Големиот брат“ од онаа страна на Атлантикот ги подрива напорите на Велика Британија да ја изолира Русија поради аферата Скрипал. И Украинците тоа ќе го доживеат како навреда, ако не и како предавство. Сепак, и Украинците сами би требало да признаат дека американската поддршка отсекогаш била посилна на зборови, а финансиски скудна. Путин можеби би можел да направи отстапки во Украина, но само ако Американците се откажат од отпорот кон изградба на Северен тек 2.

Во секој случај, санкциите кон Русија ќе останат во сила и по самитот. Конгресот во Вашингтон не може да ги укине преку ноќ. Освен тоа, моментно не постои ни политичка волја кај конгресмените за нешто такво.

Зошто тогаш Трамп сака состанок со Путин? Тој пред сѐ наумил да исполни едно од своите изборни ветувања - дека ќе ги поправи односите со Русија. Освен тоа, изгледа дека на неговото его му се потребни спектакуларни политички инсценирања. Таа самозаљубеност автократите ја користат за остварување на своите цели. Северна Кореја под диктаторот Ким Јонг Ун едвај се помрда од местото. А Трамп средбата со него ја продава како историски успех. Путин тоа го сфати, па сега ќе постапи на ист начин.