1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Прв смртен случај од корона-вирус во Италија

ЕМФ / дв
22 февруари 2020

Постар маж на северот на Италија почина од инфекција со корона-вирусот. Тоа е прв смртен случај на еден Европеец во ЕУ.

https://p.dw.com/p/3YBA8
Erster Todesfall durch Coronavirus in Italien
Фотографија: picture-alliance/dpa/AP/L. Bruno

Станува збор за 78-годишен Италијанец, соопшто италијанскиот министер за здравство Роберто Сперанца. Тој поради друга болест пред една и пол недела бил пренесен во болница во регионот Венето.

Во Италија постои голема загриженост од ширење на новиот корона-вирус. Бројот на заразени се зголемува особено во соседниот регион на Венето - Ломбардија. Според официјални наводи, во Ломбардија има 15 лица заразени со SARS-CoV-2.

„Под контрола“

Властите издадоа наредба за итно затворање на училишта, институции и други јавни објекти во повеќе северноиталијански градови. Најмалку една недела ќе останат затворени и продавници, барови, дискотеки и спортски центри, изјави Сперанца по кризната седница за корона-вирусот Италијанскиот премиер Џузепе Конте, пак, уверува дека „се’ е под контрола“.

Повеќе:

Коронавирусот и псевдонауката се шират со иста брзина

Коронавирус: Кина објави опсежни податоци - кој најчесто заболува

Митови и факти за коронавирусот

Во Кина од декември досега од белодробното заболување COVID-19 починаа над 2300 лица, а инфицирани се околу 76.000. Првиот смртен случај на територија на ЕУ беше регистриран во Франција, на средината од месецов, каде почина турист од Хубеи, кинеската провинција каде што изби епидемијата.