Митови и факти за коронавирусот
26 февруари 2020За почеток информирајте се за симптомите на коронавирусот. Според истражувањата на научниците, најчест симптом е треската. Таа била регистрирана кај 98% од пациентите кај кои била утврдена инфекцијата.
Заштитата од вирусот е релативно едноставна:
А сега малку за фактите. Примањето писма или поштенски пакети од Кина не е опасно:
А засега не постои ни вакцина:
Не плашете се од домашните миленици. Засега нема докази дека тие го пренесуваат вирусот.
Јадењето лук е добро за организмот, иако луѓето во вашето непосредно опкружување веројатно нема да уживаат. Она што е најважно, нема да ве заштити ни од коронавирусот.
Жабуркањето со течност за уста е секогаш препорачливо (особено по конзумирањето лук), но и тоа не влијае многу на инфекцијата.
Слично е и со солениот раствор за нос. Помага, но само при настинки.
Последно, но не и најмалку важно, не обидувајте се да се труете со хемикалии. Шпекулациите дека со нив ќе го спречите вирусот не само што нема да ве заштитат, туку можат и дополнително да ви го уништат здравјето.
Она што е досега со сигурност утврдено е дека коронавирусот се пренесува преку капки од искашлување, кивање или кашлање на заразено лице. Периодот на инкубација е 14 дена, што значи дека лица кои не се свесни дека се заразени би можеле да ја пренесат инфекцијата на други лица.