1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеСрбија

Повторно безредија на улиците на Белград

СН/агенции
9 јули 2020

Противниците на новoнајавените корона-рестрикции во Србија не попуштаат. Илјадници граѓани повторно протестираа во Белград и други српски градови. Сигналот за попуштање од претседателот Вучиќ не промени многу.

https://p.dw.com/p/3f0V4
Serbien I Ausschreitungen in Belgrad
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Isakovic

Полицијата во безредијата во Белград изминатата вечер против демонстрантите користеше солзавец и палки, а тие возвратија со камења и огномет, јавува агенцијата ДПА. Протестите траеа до полноќ, и според последните извештаи, повредени се 19 полицајци и 17 демонстранти, но никој од нив не е сериозно повреден. Медиумите наведуваат и дека демонстрантите нападнале телевизиски екипи во Нови Сад и во Ниш, пренесува германската агенција.

Serbien I Ausschreitungen in Belgrad
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Isakovic

Протестите кои веќе траат два дена се насочени против најавените драстични мерки во борба против коронавирусот, оценува ДПА. Иако порано најави воведување на полициски час за викендот кој следи, претседателот Александар Вучиќ ја повлече оваа одлука, но најави дека кризниот штаб денеска ќе одлучи за новите мерки.

Од мирни до насилни демонстрации

Агенцијата АФП на својот сервис на германски јазик пишува оти Вучиќ ги нарекол демострантите „фашисти“ и рекол дека постои сомнеж оти „во прашање се странски тајни служби“. Претседателот притоа не навел никакви детали.Од друга страна, опозицијата го обвинува Вучиќ дека неговата власт станува сѐ повеќе автократска.

Бурна ноќ во Белград

Поради тоа неколку партии ги бојкотираа парламентарните избори на 21 јуни, од кои партијата на Вучиќ, Српска напредна партија, излезе како убедлив победник.

Повеќе:

-Вучиќ обвини „странски служби“ за протестите во Белград

-Протестите во Белград - излив на колективна фрустрација

-Полицијата ги растера демонстрантите во Белград

Како и претходната вечер, илјадници луѓе се собраа на демонстрации пред зградата на парламентот. Опозициската партија Сојуз за Србија, која исто така ги бојкотираше изборите, ги повика луѓето на протест.Демонстрантите, пренесува АФП, го повикаа претседателот да поднесе оставка. Протестот на почетокот беше мирен, а до насилни конфликти со полицијата дојде откако поголем дел од демонстрантите веќе го напуштија собирот.

Serbien I Ausschreitungen in Belgrad
Фотографија: Getty Images/AFP/A. Isakovic

Сѐ повеќе заразени

Агенциите потсетуваат дека за време на вонредната состојба, од средината на март до почетокот на мај, владата во Србија воведе строги ограничувања за движење.Бројот на заразени сега повторно расте и веќе две недели дневно се регистрираат околку 300 нови случаи. Властите во вторникот соопштија дека се регистрирани 13 смртни случаи за 24 часа, најголем број од почетокот на вирусот во Србија. Особено е тешка ситуацијата во Белград, пренесуваат агенциите.