1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Корона-вирус: Германците од Вухан на пат за дома

ЕМФ
1 февруари 2020

Авион на воената авијација ги носи дома Германците од Вухан, градот тешко погоден од корона-вирусот. Во Германија досега се регистрирани седум инфицирани лица со вирусот кој сее страв во светот.

https://p.dw.com/p/3X8Jt
Deutschland Coronavirus Rückholungsflug
Фотографија: picture-alliance/dpa/O. Berg

Повеќе од 120 Германци и државјани на други држави седат во авионот на германскиот Бундесвер кој тргна од кинескиот град Вухан и попладнево треба да слета во Франкфурт. По враќањето, патниците 14 дена ќе бидат во карантин.

Епидемијата во Кина денеска бележи најголем скок на инфекции со корона-вирусот и починати од болеста за еден ден.

Според Комисијата за здравство во Пекинг, за еден ден има зголемување од речиси 2000 инфекции, со што бројот на заболени се искачи на околу 12 илјади. Бројот на починати од 46 се искачи на 259.

Frankfurt Flughafen Quarantänehalle für Corona-Evakuierte
Карантин на аеродромот во Франкфурт за патниците во авионот кој доаѓа од Вухан, КинаФотографија: Getty Images/AFP/Y. Schreiber

Во Германија е првпат забележана инфекција на дете. Бројот на инфицирани лица сега изнесува седум. Надвор од Кина досега се регистрирани околу 150 инфицирани лица.

Повеќе:

Јагма за маски за дишење поради коронавирусот

Корона-расизам во земјата на моралот?

Кој ќе ги плати загубите од корона-вирусот?

Откако Светската здравствена организација прогласи „вонредна состојба на меѓународно ниво“, САД прогласија „вонредна здравствена состојба“ во земјата, што значи на луѓето кои доаѓаат во Кина не им се дозволува влез во САД. Американските државјани кои 14 дена претходно престојувале во Вухан или во провинцијата Хубеи мора по доаѓањето во САД прво да престојуваат до две недели во карантин. Американците кои биле во други делови на Кина мора две недели да се изолираат самите.

China Wuhan Leere Supermarkt Regale nach Coronavirusausbruch
Вухан е изолиран: На фотографијата супермаркет во градот каде прво се појави инфекцијатаФотографија: picture-alliance/AP Photo/Chinatopix

Портпаролка на кинеското Министерство за надворешни работи ја критикуваше ваквата одлука на САД. „Тоа со сигурност не е гест на добра волја“, рече таа, додавајќи дека она што го прават Американците не се заснова на факти и не е од помош.

Кина, поради белодробната болест која ја предизвикува корона-вирусот, е практично во застој. Во провинцијата Хубеи се изолирани 45 милиони луѓе. Сите сообраќајни врски се прекинати. Ширум земјата се запрени автобусите на долги релации, а редуцирани се и возовите и авионските летови. Одморот кој во овој период во Кина се зема заради прославата на Нова година, е продолжен. Училиштата, универзитетите и градинките остануваат затворени, фабриките мируваат, а канцелариите се „запечатени“. По Икеа и H&M, и Епл соопшти дека неговите продавници ќе бидат затворени најмалку до 9 февруари.