1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Јагма за маски за дишење поради коронавирусот

БГ
31 јануари 2020

Поради коронавирусот и паниката слична на онаа од времето на САРС, птичјиот и свинскиот грип, огромен број луѓе побрзаа да си купат заштитни маски за дишење. Прашањето е колку тоа ќе им помогне.

https://p.dw.com/p/3X54l
Serbien | Grippewelle
Фотографија: J. Đukić-Pejić

Заштитните маски за нос и уста во Германија во моментов се речиси распродадени. Иако надлежните од здравството уверуваат дека нема причина за паника поради коронавирусот, маски веќе не можат да се најдат. Најбарани, притоа, се оние од категориите ФФП1 и особено ФФП3.

Квалитетот на заштитата се мери според количеството на задржана прашина, чад или аеросоли на работното место. И додека кај ФФП1 вдишувањето може да доведе до иритирање на дишните органи и може да се развие непријатен мирис, ФФП2 нуди подобра заштита од непријатните мириси. Таа е и поконстантна од ФФП1 бидејќи надминувањето на штетните материи во воздухот на работното место може да биде и десеткратно.

Целосно бесмислено?

А доколку пречекоруувањето е поголемо и од тоа, категоријата ФФП3 нуди толку добра заштита што се препорачува за работа и во хемиската индустрија. Специјалните модели на ФФП3 се користат и во научни лаборатории во кои постои опасност од вирус.

Сите тие маски можат да спречат продор на честички со големина до 0,6 микрометри и со тоа претставуваат сигурна заштита од бактерии, но не и од вируси. Затоа претседателт на Германското друштво за инфектологија Бернд Залцбергер од Универзитетската клиника во Регензбург вели дека носењето на такви маски во моментов е „целосно бесмислено“. Тој потсетува дека маските не се наменети за заштита од болести, и дека носењето маски има повеќе смисла за лица кои се веќе заболени и можат да го пренесат вирусот на други.

Indien EcoIndia-Sendung 17.11.2018
Некои фирми од продажбата на маските прават добар бизнисФотографија: DW

Цени и до 500 евра

Маските од заштитната категорија ФФП1 можат да се купат по цени кои се движат меѓу 6 и 100 евра; ФФП2 и ФФП3 чинат од 30 евра па нагоре, додека оние од категоријата ФФП3 започнува од 100 евра, а достигнува и 500 евра.

Маските кои не им припаѓаат на наведените заштитни категории, ткн. хируршки маски главно чинат околу 6 евра. Аптекарите предупредуваат дека тие маски пред се служат за лицата кои ги носат да не шират околу себе бацили доколку кашлаат или киваат, и дека не пружаат никаква заштита од вируси.

Истовремено, зголемениот интерес на германските граѓани за заштитни маски инспирираше некои дистрибутери да почнат да ставаат и пораки на нив. Иако сѐ уште нема вистински реклами, најголемата организација за заштита на животни ПЕТА издаде серија црни маски со порака: „Хранете се вегански“, со објаснување дека вирусите се создаваат и шират во „животински штали“.

Експертите во Германија предупредуваат дека многу поефикасно од носење маска е водење сметка за хигиената на рацете и дека 80 отсто од инфективните болести се пренесуваат преку рацете. Пресметано е дека луѓето, во просек, еднаш на четири минути го допираат лицето со раце кои не се измиени.