1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Австрија се пишмани за задолжителната вакцинација

СН/агенции
9 март 2022

Вакцинацијата против коронавирусот всушност е задолжителна во Австрија веќе неколку недели. Сепак, казни досега не беа изречени. Сега целиот закон привремено е стопиран, но одлуката сѐ уште не е конечна.

https://p.dw.com/p/48D1P
Пункт за вакцинација против коронавирусот во австрискиот главен град, Виена
Пункт за вакцинација против коронавирусот во австрискиот главен град, ВиенаФотографија: Hans Punz/ REUTERS

Австриската влада денеска соопшти дека го суспендира законот за задолжителна вакцинација против Ковид-19, по само еден месец од неговото стапување во сила, со оглед на помалата опасност од сојот Омикрон.

„Одлучивме да го следиме мислењето на стручњаците од комисијата и да го 'суспендираме' законот“, изјави министерката Каролина Едршталер на конференцијата за новинари во Виена.

Таа додаде дека владата во овој момент не гледа потреба да се спроведува задолжителна вакцинација со оглед на сегашнот сој на вирусот кој предизвикува полесни симптоми од Делта сојот кој претходно беше доминантен.

„Во моментов има многу аргументи во прилог на тоа дека ова нарушување на основните права не е оправдано“, додаде министерката Ердштадлер задолжена за почитување на уставноста.

Повеќе: Задолжителна вакцинација - политиката и науката без јасен став

Законот стапи на сила на 5 февруари, како единствен во ЕУ и кој предизвика силно противење кај дел од населението. Тој се однесува на сите лица постари од 18 години во земјата со 8,9 милиони население, исклучувајќи ги бремените жени, оние кои го прележале вирусот пред помалку од 180 дена и оние кои можат да добијат медицински исклучок.

Контролите требаше за започнат во средината на март, а предвидените казни за прекршоците се движеа од 600 до 3.600 евра. За ревизија на законот се зголемија тоновите кога Австрија на почетокот на март ги укина поголемиот број здравствени рестрикции поврзани со Ковид-19.