1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Конститутивна седница на косовскиот парламент

ЕМФ
26 декември 2019

Косовскиот парламент денеска треба да одржи конститутивна седница и покрај тоа што сѐ уште нема согласност за коалиција.

https://p.dw.com/p/3VLWw
Kosovo Parlamentsgebäude in Pristina
Фотографија: DW/B. Cani

Седницата на косовскиот парламент е закажана за попладнево. Двете партии со најголем број пратенички места - Самоопределување и Демократската лига на Косово, не успеаја да постигнат коалициски договор. По повеќе од два месеца преговори, лидерот на самоопределување, Албин Курти, вчера во видео-порака на својот Фејсбук-профил објави дека нема договор со ЛДК и додаде дека не сака нови избори. Според Курти, неговата партија направила неколку компромиси, но ЛДК, како што тврди тој, не е подготвена за такво нешто. Затоа на конститутивната седница на парламентот ќе се оди без компромис.

Kosovo Pristina Interview Albin Kurti Adelheid Feilcke
Албин Курти ја обвинува ЛДК за неподготвеност на компромисиФотографија: DW/A. Bajrami

На тоа реагираше претседателот на ЛДК, Иса Мустафа, кој оцени дека не пропаднале преговорите за коалиција помеѓу неговата партија и Самоопределување, туку дека пропаднала стратегијата на Самоопределување да ја обвини ЛДК за неуспехот. Мустафа на Фејсбук напиша дека тој и ЛДК сметаат оти преговорите не се пропаднати, туку „пропадна стратегијата на Самоопределување да си обезебеди пред јавноста епитет на широкограда и принципиелна страна во преговорите, а за неуспехот да ја обвини ЛДК“,.

„Ние сметаме дека балансирана поделба на одговорноста, согласно резултатите од изборите, треба да ја има оваа формула: претседателот на Собранието на Косово, претседателот на Косово - кога функцијата ќе биде слободна, треба да ѝ припаднат на ЛДК, исто како и половина од владата, доколку Самоопределување сака да го добие раководењето со владата и половина од владата“, напиша Мустафа.

На изборите одржани на 6 октомври Самоопределување освои 29 пратенички места, а ЛДК - 28 од вкупно 120 места во парламентот.