1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Колку помагаат заштитните маски за одбрана од коронавирусот

Фабијан Шмит
1 април 2020

Се повеќе луѓе носат заштитни маски. Во повеќе земји тоа веќе е наложено и како обврска. Но кого навистина штитат овие маски и од што? Ова се најважните информации

https://p.dw.com/p/3aJiV
Mundschutz
Фотографија: picture-alliance/imagebroker

Во многу региони во Кина носењето заштитна маска е обврска по избувнувањето на пандемијата на коронавирусот. Сега тоа го воведуваат и многу други земји. На пример, Австрија воведе обврска за носење маски во супермаркети. И во Германија се дискутира за тоа.
Но, овие мерки не служат за да не се зарази здрав човек кој носи маска. Поентата е токму спротивна. Сите други треба да бидат заштитени од потенцијално заразените кои би го ширеле вирусот доколку не носат заштита врз устата и носот. А бидејќи заразениот може да ја пренесува инфекцијата и пред да покаже симптоми, практично секој човек е потенцијален пренесувач на вирусот. Логиката зад обврзувачкото носење маски гласи: доколку сите се придржуваме кон правилото ќе се намали вкупниот ризик од зараза во општеството.

Хируршките маски ги штитат пациентите

Едноставната маска која ги покрива носот и устата, досега се користеше исклучиво во операционите сали. Лекарите и асистентите при операции ги носеа овие маски за да не ги инфицираат пациентите со патогени на операционата маса. Доколку оној кој носи маска кива или кашла, најголемиот дел од капките остануваат во маската. 

- Како да се заштитите себеси и другите од коронавирусот

Но, тоа долгорочно функционира само ако маските редовно се менуваат и безбедно и хигиенски се отстрануваат и фрлаат. Во операционите сали маските мора да се менуваат најмалку на секои два часа. Доколку носите повеќепати таква маска таа брзо ја губи својата функција. И сличните маски од платно мора често да се менуваат, за да не преживеат вирусите на нив.

Staubmaske
Само ФФП-3 маската нуди целосна заштита, но и кај неа мора да се внимава на начинот на кој се користиФотографија: picture-alliance/dpa/R. Weihrauch

Колку заштита пружа маската?

Оној кој носи маска може да само ограничено да се заштити од пренос на инфекција со капки или со допир на заразена површина (На пример, доколку со рака допрете заразена површина а потоа својата уста, нос или очи). Затоа што вирусот најчесто во организмот влегува преку устата, носот или очите, но најважната улога ја играат рацете. 

- Коронавирусот „се крие“ и во тоалети и спални соби

Хируршките маски комбинирани со заштитни очила немаат голема улога во одбраната од капки кои содржат вируси. Многу поважно е постојано да се потсетувате да не ги допирате носот или очите.

Маски за подобра заштита

Покрај хируршките маски, кои изгледаат како кујнски салфетки за еднократна употреба, постојат и маски со вистински филтри. Тие им се познати на занаетчиите, а пред се штитат од прашината која е штетна по здравјето и од аеросолите.
Тие почнаа да се користат и во болниците кога лекарите и другиот медицински персонал доаѓаат во контакт со многу заразени пациенти. Во тие случаи се користат и заштитни очила, гумени ракавици и кецели за една употреба или комбинезони.
Таквите маски постојат како маски за еднократна употреба, често од целулозни влакна со вградени филтри и вентили за излез на воздухот, или како маски од пластика со вградени адекватни филтри. Во ЕУ овие маски се поделени во три категории на заштита- ФФП (filtering face piece). Маските од категоријата ФФП-1 се можеби подобри од хируршките маски но не пружаат заштита заштита од вируси. Тие им се наменети, на пример, на столарите кои работат на ленти со вшмукувачки уреди, за да ја запрат крупната прашина. Истата можат да ја користат и ѕидари при мешање цемент. 

BG Wuhan Rückholaktion weltweit / Polen
За ефективна заштита, потребно ви е многу повеќе од заштитна маскаФотографија: picture-alliance/AP Photo/A. Rataj

- Како да се заштитите: Митови и факти за коронавирусот

Само маските од типот ФФП-3 штитат од капкасти аеросоли, протеински молекули, вирус, бактерии, а при добра примена можат да заштитат дури и од опасна прашина како азбестни влакна.
Со оглед на актуелниот недостаток на овие маски, Роберт Кох Институтот дозволува употреба на маските ФФП-2 во инфективната медицина. Но, оваа маска е спорна меѓу лекарите.

Ако веќе се користи, ова е начинот

За разлика од едноставните хируршки маски, ФФП-3 маските можат да заштитат од инфекција. Дури и од многу инфективни патогени како сипаници или туберкулоза. Но, и тука, заштитата функционира само доколку истовремено се преземат и други заштитни мерки: стриктна хигиена при ставање на маската, заштитни очила, ракавици и пластични кецели или комбинезони, стручно отстранување на контаминирани артикли за еднократна употреба и редовно миење раце. Исто така, и просториите мора редовно да се дезинфицираат.
Овие маски се користат во карантини во кои се негуваат заразени пациенти. А тоа е голем напор за медицинскиот персонал- облекувањето на комплетната заштитна облека и опрема, вклучително и нејзиното правилно отстранување.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи