1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Брегзит: Камерон со сериозно предупредување до Британците

ЕМФ/афп/ард3 јуни 2016

Валутата ќе девалвира, ќе се загубат работни места, ќе се зголемат цените - на три недели пред референдумот за брегзит, британскиот премиер апелираше сериозно до сонародниците да гласаат за останување во ЕУ.

https://p.dw.com/p/1IzmK
Фотографија: Getty Images/Sky News/Pool/C. Lobina

Британскиот премиер Дејвид Камерон ги предупреди сонародниците да не гласаат за излегување од Европската Унија. Иднината на „нашите деца и внуци“ не смее да се става на коцка, рече Камерон за телевизијата Скај Њус. Тој додаде дека ЕУ и него „понекогаш го полудува“, но да се гласа за излегување од Унијата би бил акт на „економско самонаштетување“.

„Ако излеземе, ќе ѝ наштетиме на нашата економија.“ Фунтата ќе загуби на вредност, цените ќе се зголемат, ќе се загубат многу работни места, рече Камерон. „Ние би биле посиромашна земја“, оцени тој, додавајќи дека додека Велика Британија склучи нови трговски договори, може да мине и една деценија.

Не се работи за „ширење страв“

Камерон се спротивстави на критиките на оние кои се за излегување од ЕУ дека тој со своите предупредувања „шири страв“. „Јас искрено сум загрижен поради она што ќе се случи ако излеземе“, рече британскиот премиер. Најголемиот број меѓународни организации, како ММФ, ја предупредија Британија до опасноста од излез од Унијата. Без членство во ЕУ гласот на Велика Британија ќе биде послаб.

Cameron in TV Sendung: sieht keinen EU-Beitritt der Türkei
Камерон: Ако излеземе од ЕУ би биле посиромашниФотографија: Getty Images/Sky News/Pool/C. Lobina

Камерон нагласи дека не претерувал кога во мај предупреди дека брегзит може да ја зголеми веројатноста од војна во Европа. Во текот на минатиот век на континентот два пати имаше огромно крвопролевање. „Можеме ли да бидеме толку сигурни дека сме ги решиле сите проблеми во Европа и сите тензии?“, праша Камерон.

Со оглед на неизвесниот исход од референдумот, тој додаде: „Ќе ја спроведам наредбата на британскиот народ.“

Според анкетите, исходот од референдумот, кој треба да се одржи на 23 јуни, е неизвесен и двата табора имаат приближно ист резултат. Британскиот премиер на Скај Њус прво одговараше на прашања на модераторот за миграција и доселување, а потоа прашања му поставуваа гледачите. До референдумот треба да се одржат осум вакви емисии, а Камерон ќе учествува на три од нив.