Грабар-Китаровиќ низ „иглени уши“ во вториот круг
22 декември 2019Според 99 проценти преброени гласови, актуелната претседателка Грабар-Китаровиќ ќе има шанси да се бори за втор мандат на чело на Хрватска откако заврши на второ место на денешното гласање. Милановиќ освоил 29,5 отсто од преброените гласови, Грабар-Китаровиќ 26,7; додека на трето место заврши независниот кандидати Мирослав Шкоро, популарен пејач кој застапуваше националистички позиции со 24,4 проценти од гласовите.
Вториот круг е закажан за 5 јануари следната година.
И покрај тоа што на првичното гласање заврши како втора, аналитичарите сметаат дека Грабар-Китаровиќ е фаворит во вториот круг.
„Тешко дека десничарските гласачи на Шкоро ќе го поддржат Милановиќ, па Грабар-Китаровиќ може да смета на поголем круг на потенцијални гласачи во вториот круг“, смета политичкиот аналитичар Давор Ѓенеро.
Освен вториот круг на претседателските избори, Хрватска следната година ја очекуваат и редовни парламентарни избори, веројатно наесен.