1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ВМРО-ДПМНЕ маршираше против неправдата

БГ
25 февруари 2020

Опозицискиот лидер Христијан Мицкоски од вечерашниот протест во Скопје испрати три барања и најави сигурна победа на предвремените парламентарни избори.

https://p.dw.com/p/3YPuq
Nord-Mazedonien, Skopje: Protest der VMRO-DPMNE
Фотографија: picture-alliance/AP/B. Grdanoski

Со транспарент „Заев е виновен“ на чело на колоната, неколку илјади приврзеници на ВМРО-ДПМНЕ предводени од партискиот лидер Христијан Мицкоски вечерва во Скопје маршираа против неправдата. Прошетката започна пред Јавното обвинителство, а заврши пред Врховниот суд.

Според Мицкоски, „со протестниот марш започнува крајот на неславното владеење на СДСМ“. Од бината тој испрати три барања:

- Покренување истрага против Заев поради мешање во судството која ќе биде водена од непристрасни обвинители;

- Ревизија на работата и одлуките на Врховниот суд;

- Реформи во Советот за правосудство и експертска помош во реализацијата на реформите.

„Зоран Заев е виновен, затоа што во исто време е премиер, обвинител и судија. Виновен е затоа што е главен рекетар, главен забавувач кога се во прашање гафовите и трговец со виталните органи на нашата Македонија“, порача Мицкоски во говорот. Зад него на бината, млади луѓе држеа транспаренти на кои пишуваше „Ниту правда, ниту мир“ и „Стоп за Заев и мафијата“. На митингот беа пуштани и снимки од разговорите за кои експратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски тврдеше дека докажуваат оти експремиерот Зоран Заев се мешал во работата на судската власт. 

Мицкоски рече дека доколку тој дојде на власт, нема да се меша во одлуките на судството. 
Пред една недела и владејачката СДСМ маршираше за правда пред правосудните институции.