1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Адвокатот на Трамп ја потврди исплатата на порно-актерка

СН/ агенции
14 февруари 2018

Вакво нешто вообичаено се нарекува исплата за замолчување. Адвокатот на американскиот претседател ѝ ја исплатил сумата на Сторми Даниелс веројатно за да ја прикрие аферата на Трамп со дамата од порно-индустријата.

https://p.dw.com/p/2sekv
Stephanie Clifford
Фотографија: Getty Images/E. Miller

Личниот адвокат на претседателот на САД Доналд Трамп, Мајкл Коен изјави дека платил 130.000 долари од „свој џеб“ на порно актерката која наводно имала афера со Трамп во 2006 година.
Коен во пишана изјава за весникот „Њујорк тајмс“ наведе дека ниту организацијата „Трамп“ ниту луѓето задолжени за претседателската кампања немале врска со исплатата на парите кои ѝ ги дал на Стефани Клифорд, позната во порнографската индустрија како Сторми Даниелс. Тој изјави дека исплатата била законска, но одби да наведе детали.

„Ни организацијата „Трамп“ ни кампањата на Трамп не се учесници во трансакцијата со госпоѓицата Клифорд, ниту го надоместија износот кој го дадов, ни директно ни индиректно“, наведе Коен.
Американските медиуми претходно пренесоа оти исплатата е извршена еден месец пред претседателските избори во САД во ноември 2016 година за наводите за сексуалниот однос со Трамп, тогаш бизнисмен, да не стигнат во јавноста.

Повеќе на темата:

-Трамп и жените: Забелешката во Париз предизвика нови дискусии

-Сексистички гадости на Трамп

-Трамп излезе од кожа


Стефани Клифорд изјави дека имала сексуални односи со Трамп во јули 2006 година по еден турнир во голф кај езерото Тахо, во туристичкиот регион меѓу државите Калифорнија и Невада. Трамп и тогаш беше во брак со сегашната сопруга Меланија.

Белата куќа ја демантираше информацијата наведувајќи дека тоа „се стари и рециклирани информации, кои се објавени и демантирани пред изборите“.