1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Безос го напушта шефовското место во Амазон

СН/агенции
3 февруари 2021

Kaj интернет гигантот Амазон претстои смената на врвот : Џеф Безос, кој го основаше концернот пред околу 27 години, планира да ја напушти функцијата извршен директор. Но, тој не размислува за пензија.

https://p.dw.com/p/3oo0r
Indien Jeff Bezos
Фотографија: Sajjad Hussain/AFP/Getty Images

Џеф Безоз веќе нема да биде извршен директор на Амазон. Тој по речиси 30 години ќе ја напушти оваа највисока позиција во компанијата која ја основаше, а на неговата позиција ќе дојде Енди Џеси, досегашен директор на Амазон Веб Сервисот.

Безос со 196 милијарди долари до неодамна беше најбогатиот човек во светот, но на оваа позиција на почетокот на месецот го престигна Елон Маск, директор на фирмите Тесла и СпејсХ.

Најавата за промена на позицијата догаѓа откако компанијата пријави трет по ред рекорден профит, но и тримесечна продажба од над 100 милијарди долари за првпат. Неговиот наследник Енди Џеси се придружи на Амазон во 1997 година.

Повеќе:

-25 години Амазон: добра платформа за клиентите, лоша за конкуренцијата?

-25 години Амазон : од онлајн книжарница до моќен концерн

-„Форбс“: Безос е уште побогат

Според податоците на страницата на Амазон студирал на Харвард, а го основал Амазон Веб Сервисот, кој прерасна во клауд платформа која ја користат милиони, вклучувајќи ги и Нетфликс, Епл, но и американска ЦИА.

Оваа промена ќе се случи во втората половина на 2021 година, а Безост ќе стане извршен претседател на Амазон. Безос во 1994 година од гаража го основал Амазон, платформа која започна како онлајн книжарница, но низ годините се претвори во сервис кој продава речиси сѐ.

Neuer Amazon CEO Andy Jassy
Идниот шеф на Амазон, Енди ЏесиФотографија: Patrick Fallon/ZUMA Wire/picture alliance

Во процесот на изградбата на Амазон во онлајн продажен гигант, Безос стана еден од најбогатите луѓе во светот. Покрај Амазон, најголемата онлајн продавница во светот, но и клауд платформа, Безос во 2000 година ја основаше компанијата Блу Ориџин за истражување на вселената и конечно правење ракети кои ќе можат вршат сообраќај меѓу земјата и вселената. Тој е сопственик и на весникот Вашингтон Пост, како и раководител на Фондот Деј 1.