Јушченко затруен со диоксин
12 декември 2004Наодот е недвосмсилен, тој е потресувачки, а сепак не дојде изненадувачки. Виктор Јушченко бил затруен. Главниот лекар на приватната клиника во Виена, Рудолфинерхаус, Михаел Цампфер, невообичаено јасно за еден медицинар, вчера изјави:
”Според нас, откако ги добивме недвосмислените докази од анализата на крвта, не постои сомневање дека господин Јушчено бил подложен натруење со диоксин.
Количеството што на Јушченко најверојатно му било дадено орално, како додаток на некоја супа, на почетокот на септември, во екот на предизборната борба, е илјадапати поголемо од дозволените граници. Јушченко постојано тврдеше дека е затруен, де режимот на претседателот Кучма и на противкандидатот Јанукович се обидува да го убие.
Јушченко беше на лекување во клиниката во Виена. 50 годишникот кој изгледаше исклучително млад, се врати тешко болен, ослабен и со страшни отоци на лицето. Сепак, продолжи со предизбрната борба. Му беа потребни трансфузии на крв и понекогаш беше под морфиум. Една вечер по друга тој дисциплинирано и концентрирано зборуваше пред масите народ во Киев. За народото собран на демонстрации, исто како и за семејството на Јушченко, уште од почеток беше јасно дека е затруен. Тој уште претходно добиваше закани и ја сокри својата фамилија. Сопругата на Јушченко во Виена изјави дека вечерта кога бил затруен тој се вратил од вечера со шефот на украинската тајна служба. Неговиот здив мирисал на метал. Следниот ден се разболел.