1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Јункер: Толку глупави можеме да бидеме и ние

ЕМФ /агенции
3 март 2018

Претседателот на ЕК, Жан-Клод Јункер со исклучително остри зборови реагира на најавата од САД за воведување казнени царини.

https://p.dw.com/p/2tdYR
EU-Kommissionspräsident Jean-Claude Juncker
Фотографија: picture alliance/dpa/AP/V. Mayo

Нема да бидеме наивни, изјави вчеравечер во Хамбург претседателот на Европската Комисија, Жан-Клод Јункер, по најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за воведување увозни казнени царини на челик и алуминиум. Според најавата на Јункер, сега Европа е принудена да реагира:

Погледнете ја изјавата на Јункер:

„Не можеме немо да гледаме“

„ЕУ ќе мора да се спротивстави на овие намери, затоа што не можеме немо да гледаме како поради какви и да било причини се слабее Европа како индустриски регион и како исчезнуваат десетици илјади работни места во европската индустрија. Европа мора да се спротивстави и тоа ќе го сториме. Сега и ние воведуваме царини на увоз. Всушност е глупаво што мора да го сториме тоа, но мораме. Сега воведуваме царини на мотоцикли - Харли Дејвидсон, на џинс - Левис, на бурбон. Така глупаво да постапуваме можеме и ние, толку глупави мораме да бидеме и ние. Ќе ми беше подраго да не мораше да биде така.“

Во меѓувреме, заменикот на Јункер, Јурки Катаинен, изрази надеж дека можеби сѐ уште може да се избегне трговска војна со САД. За агенцијата Франс Прес Катаинен рече дека сѐ уште има „мал временски прозорец“ за поинакво решение, со оглед на тоа што Трамп сѐ уште не го потпишал документот за казнени царини. Претставник на Меѓународниот монетарен фонд оцени дека казнените царини најверојатно ќе ѝ наштетат и на американската економија. ММФ стравува дека сега и други земји може да воведат трговски ограничувања.

Читајте нѐ и преку апликацијата на ДВ за андроид