Ѓубрење на нивите преку интернет?
18 јули 2011Реклама
Малиот октокоптер може да лета на висина до двесте метри. Опремен е со специјална камера, која прави снимки секои две секунди. За еден час тоа се вкупно две илјади фотографии. На нив се гледа во каква состојба се наоѓаат полињата, дали посевите добро се развиваат, каде недостасува ѓубриво. На тој начин земјоделците точно знаат каде и уште колку треба да наѓубрат.