Ѓорѓевиќ: На кошаркарскиот терен чудата се можни
14 септември 2014Репрезентацијата на САД го брани златниот медал освоен пред четири години. Американците досега имаат четири први места на светските првенства. На овој шампионат составот на селекторот Мајк Крижевски постигна победи на сите осум натпревари.
За разлика од нив, селекцијата на Србија до финалето стигна со пет победи и три порази, а притоа во „нокаут“ фазата му се реваншираше на Бразил (четвртфинале) и на Франција (полуфинале) за поразите во групата. Селекторот на српскиот тим Александар Ѓорѓевиќ изјави дека неговата екипа ќе се обиде да одигра борбено во сите 40 минути од финалето и дека во кошарката чудата се секогаш можни: „Чуда се случуваа и во минатото и не гледам причина зошто тоа не би се случило и сега.“ Според Ѓорѓевиќ, тешко е да се подготви тактика против Американците: „Едноставно сакаме да ја играме нашата игра, поен за поен“, изјави тој.
Во натпреварот за бронзениот медал вчера (13.09) Франција ја победи Литванија со 95:93 и за првпат на светските првенства во кошарка освои медал.