1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ѓоковиќ и Надал фаворити на Ролан Гарос

Матијас Фрикел / Александар Методијев27 мај 2012

Франција Опен важи за еден од најзначајните светски тениски натпревари. Фановите таму можат да ги очекуваат дуелите на најдобрите тенисери - фаворитите Надал и Ѓоковиќ.

https://p.dw.com/p/153C2
Фотографија: dapd

Денес започнува Франција Опен во Париз. На вториот гренд слем годинава светот ја очекува пресметката меѓу двајцата најдобри тенисери на светот, бранителот на титулата и светскиот тениски ас - Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.

Во минатите седум години победник во Париз шестпати беше Надал. И покрај тоа Шпанецот остава отворена можност за исходот на турнирот.

„Не ја предвидувам иднината – не. Јас одам од ден за ден, а Новак има фантастична сезона. Има фантастични играчи и тие се одлични, така што секој ќе има своја шанса“, изјави тенисерот Рафаел Надал.

Последен пат Надал и Ѓоковиќ беа во дуел во финалетво во Рим, кое Шпанецот на крајот го освои. Како и да е, светскиот број еден во тенисот, Ѓоковиќ, е полн со самодоверба. Србинот има уникатна можност да слави четврта гренд слем титула во низа.

Australian Open Tennis Rafael Nadal gegen Roger Federer
Рафаел Надал и Роже ФедерерФотографија: dapd

„Мислам дека тоа дава дополнителна мотивација за мене, бидејќи имам можност каква што немале многу тенисери во нивните кариери“, изјави српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.

Во дуелот на двајцата најдобри тенисери на светот овој човек би сакал да биде оној - кој последен се смее, најслатко се смее. Роже Федерер смета дека е во топ форма и е единствен кој до сега го победил Надал во Париз.

„Сите зборуваат дека Рафа го служи картата, дури повеќе и од тоа дека Новак оди на четврта титула по ред. Интересно е сега во машката игра“, рече Роже Федерер, победник на Франција Опен во 2009-та година.

Надал или Ѓоковиќ? Или можеби Федерер? Ретко се поставува прашањето кој ќе го освои најзначајниот тениски турнир на земјена подлога на светот и кој ќе го однесе трофејот од Ролан Гарос.