Што ли носи Ким Јонг Ун во дисаѓите?
16 октомври 2019Севернокорејските медиуми денеска објавија серија фотографии на својот лидер Ким Јонг Ун, пишувајќи дека „неговиот марш на бел коњ на планината Пекту има големо значење за корејската револуција.“ Државните службеници кои биле во негова придружба, според пишувањето на медиумите, „со прекумерна радост и бурни емоции се убедени дека тој планира голем потфат што ќе го запрепасти светот“. Не е познато кога се направени снимките, а не е ни првпат тој да се фотографира на падините на Пекту, на границата кон Кина. Во Јужна Кореја се шпекулира дека излетот кон Пекту, како и неколкупати претходно, веројатно е вовед во важна политичка одлука. Што носи овојпат Ким во дисаѓите, не е познато...
2750 метри високиот вулкан Пекту во Северна и во Јужна Кореја се смета за „света планина“. Во Северна Кореја, која е под сталинистички печат, Пекту важи и за симбол на династијата Ким. Таа е на власт околу 70 години во осиромашената, но „до заби“ вооружена земја. Со доаѓањето на чело на државата во 2011 година, Ким од својот татко Ким Јонг Ил, како и од дедото Ким Ил Сунг го презеде и култот на личноста.