1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Што е и како работи Евробарометар?

28 јули 2006

Со Евробараометарот Европската Унија сака да знае што мислат европските граѓани за неа

https://p.dw.com/p/AdoO

До одржувањето на рефередумот за европскиот устав пред една година во Франција и Холандија, Евробарометар важеше за релативно необврзувачки тест за расположението на 500 милиони граѓаните во Европа. Јавното мислење се објавува двапати годишно. На 70 страници Европската комисија ги објавува резултатите од испитувањето, кои се спроведуваат во земјите членки и кандидати за ЕУ. Задоволството и довербата во Унијата се подеднакво важни како и ставот на граѓаните кон актуелните прашања околу Европскиот устав.

Сметате ли дека е добор што вашата земја е членка на ЕУ?

Сметате ли дека вашата земја профитирала од членството? Дали знаете воопшто што е Европска комисија?

Ова се стандардните прашања на европскиот барометар што ЕК ги објавува двапати годишно и тоа од 1973 година до денес, вели Мајкл Бекап од Комисијата во Брисел:

„Суштината на целата работа беше тоа што шесте тогашни држави членки сакаа да направат испитување со истите прашања во повеќе земји истовремено. Значи мораше да се пронајде нов инструмент, со цел да се испитаа мислењето на граѓаните не само во една земја, туку да се добие европско мислење. Затоа е развиена оваа нова методологија.„

Во Европската Комисија денес на оваа најголема светска анкета работи мала десеточлена група. Освен тоа овластена е и една друга фирма од надвор, да прави истражувања. Во сите земји членки на ЕУ, но и во земјите кандидати за членство како Бугарија, Романија, Хрватска и Турција во одреден временски период се анкетираат околу 30.000 луѓем, кои зборуваат за нивните надежи, стравувања и нивното мислење за ЕУ и Европа. Тоа не е секогаш лесно објаснува Жан Мишел Лебрун од Институтот за испитување на јавното мислење ТНС:

„Имаме прашалник, кој мора да се разбере подеднакво во сите европски земји. Моравме да направиме прашалници за 33 земји на 44 различни јазици. Тоа е многу компликуван процес и во никој случај не смееме да направиме греша при преводот на текстот. Поради тоа мораме прашалниците да ги преведуваме секојпат по двапати одвоено едни од други.„

Во секоја земја луѓето се избираат по принцип на случајност

Луѓето што го спроведуваат анкетирањето се обидуваат избраното лице да го најдат дома. Но, и тоа не функционира секогаш без проблеми, раскажува Жан Мишел Лебрун:

„Има еден исклучок: во Шведска и Холандија луѓето што ќе ги одбереме за анкетирање најнапред ги известуваме преку писмо или пак им се јавуваме по телефон, бидејќи во овие земји ниту еден не му отвара врата на некој непознат. Затоа во овие две земји имаме секогаш помал број на учесници. Поради тоа направивме некои измени. „

Испитувањето за големиот Европски барометар трае околу еден час и се објавува секои шест месеци. Но, Комисијата исто така месечно спроведува различни анкети на одредени теми. Резултатот од овие анкети влијаат врз Комисијата и политиката која таа ја спроведуваа.

Трошоците за спроведување на анкетите го плаќа ЕК

Во просек една анкета чини 15.000 евра. А, во класичниот Евробарометар ги има околу 150 различни анкети. Во нив не се вреднува само просечното европско мислење, туку и разликите помеѓу поедини држави. Михаел Бекап за ова вели:

„Германците до сега беа европски шампиони во песимизам и даваа лоши проценки што се однесува до иднината на нивната земја. Знаењето за ЕУ е релативно недоволно, може да се каже дека за ова Германците се најлоши во Европа. Иста е состојбата и кога станува збор за предрасудите. Многумина мислат дека најголемиот дел од парите се дава за управата. Тоа е погрешно, бидејќи таа всушност не чини ништо повеќе од онаа на градот Келн на пример.„

Михаел Бекап во поголемиот дел од случаите не е изненаден од резултатите. Тие одговараат на вообичаените медиумски извештаи и на изборните навики на граѓаните во ЕУ. Но, кога ЕК сакаше да дознае која држава најмногу го загрозува мирот во светот, резултатиете од испитувањата сепак беа изненадувачки:

„Ирак и Израел беа на врвот на листата. Русија исто така беше прилично издвоена. Од друга страна за нас беше смешно што во Велика Британија 18 проценти од испитаните изјавиле дека ЕУ претставува опасност за мирот во светот.„-вели Михаел Бекап од Европската Комисија во Брисел.