1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Шпигел: Германската тајна служба ја шпионира Албанија

ЕМФ/дпа/Шпигел24 август 2014

Германската тајна служба БНД, покрај Турција, во визир ја има и Албанија, пишува „Шпигел“. БНД најмногу се интересира за организираниот криминал во таа земја, тврди неделникот.

https://p.dw.com/p/1Czxy
Фотографија: picture-alliance/dpa

Покрај Турција, германската тајна служба БНД со години ја надгледува и Албанија, тврди магазинот „Шпигел“. Притоа, земјата е ставена на листата за надгледување уште пред да се приклучи кон НАТО во 2009 година. БНД притоа, најмногу се интересира за организираниот криминал во таа земја.

Објавувањето на ваквите информации во „Шпигел“ доаѓа во многу незгодно време за германската влада, со оглед на одржувањето на конференцијата за Западен Балкан во четврток (28.08) во Берлин. На конференцијата треба да учествува и албанскиот премиер Еди Рама.

Турција, според информации на магазинот „Фокус“ се нашла во визирот на БНД уште во 1976 година. Досега беше познато само дека Турција станала официјална цел на шпионажа од времето на црвено-зелената влада на Герхард Шредер. Сега „Фокус“, не наведувајќи извор на информациите, пишува дека мерката за надгледување на Турција била донесена со дозвола на владата на Хелмут Шмит.

Турција реагираше огорчено по обелоденувањето на информациите за германските шпионски активности. Според информации на агенцијата ДПА, земјата е ставена во трите највисоки степени на набљудување, каде што на пример се земјите каде има стационирано германски војници. Профилот за надгледување и прислушување се разгледува секои четири години и во моментов се актуелизира. Експертот за внатрешна политика на пратеничката група на партиите на Унијата, Ханс-Петер Ул, за „Фокус“ изјави дека има „добри причини“ за операции на прислушување против Турција и притоа ги наведе трговијата со луѓе, бизнисот со дрога и тероризмот.

Пратеничката група на Патријата на левицата од канцеларката Меркел побара со владина изјава конечно да ја информира јавноста за шпионските активности на БНД.